Press "Enter" to skip to content

(инфо) Од Кина до Македонија: Пристигнуваат 4 електрични локомотиви за Македонски Железници | MZ 443

MZ 443 002 на сликата е на станицата Искар, Бугарија со товарен воз 44152 којшто ја чека локомотивата на BDZ Cargo да ја влече до Димтровград, Србија.

Прва од четирите локомотиви MZ 443 произведени од China National Railway Locomotive & Rolling Stock Industry Corporation за Македонските железници е на пат за Македонија.

Македонските железници објавија тендер за 4 локомотиви од СRRC, во мај 2017.

Тендерот чини 8 милиони евра што воопшто не е скапо со оглед на тоа какви глупави инвестиции сведочиме во последните 30 години, на пример расфрлање со пари за автопатишта во вредност од повеќе стотици милиони евра, ако не и повеќе, да не претераме со милијардите.

Во суштина, само ако секоја година се инвестираат од 25 до 50 милиони евра во транспорт и обнова на шини, за неколку години, електрификацијата ќе стане стварност, ќе заживее.

MZ 443 002

Локомотивите имаат максимална брзина од 120 km/h, тежат 90 тони и изгледаат одлично!

Набавката на четирите нови електрични локомотиви е обнова на возниот парк по 40 години, доближување до европските и светските стандарди, обезбедување поголема безбедност и сигурност во железничкиот сообраќај, поголем број патници, поголема брзина, енергетска заштеда, заштита на животната средина, ефикасно работење и поквалитетни услуги и тн.

Mission News Theme by Compete Themes.