Го споделуваме документот којшто сублимира состојба на поле на електромобилноста во Словенија. Документот е пример за тоа како изгледа сублимат на јавна расправа на заинтерсирани владини и невладини, бизнис и непрофитабилни организации, здруженија, компании и оператори на мрежа и тн., вклучувајќи ги сите советувања, мислења и предлози на сите засегнати коишто се агрегирани во збирен и јавен документ. Јавната расправа е организирана на државно ниво и се слушат мислењата на сите страни, се одговара на конкретни прашања од секоја страна и се формирааат одлуки и се разбира, се чекори напред во рамката којашто произлегува од документот.
Документот ги агрегира состојбите со законите и обврските од ЕУ директивите, оформувањето на својства за барања во врска со полначка инфраструктура (локација, сигнализација, приклучна моќ, одбележување, продажба на ел. енергија, заштита), идни предизвици во имплементацијата на решенија, акциски планови, насоки и тн.
Во формирањето на документот учестува и Сретен Давидов (Sreten.Davidov@fe.uni-lj.si) чиешто искуство може се искористи за од територијата на електромобилноста којашто е веќе освоена во Македонија, да се оди понатаму, со понапредни форми на јавно организирање.