Кога гледате трамвај во далечина, имате проблем со процена на оддалеченоста на објектот, особено со објекти коишто се приближуваат.
Објектите на шинска тракција не се зголемуваат линеарно во ретината на окото, но се зголемуваат експоненцијално кога композицијата е близу, без оглед дали е шинско возило од тип воз, трамвај, ЛРТ.
Промената не е така очигледна кога објектот е оддалечен, според тоа, ако стоите на шини, мора веднаш да се оддалечете само ако има и мала трага во видното поле од влечната композиција, како сигнал или пак ако сте на шини или пак „не дај боже“ ако сте во просторот ограден од рампите на една од страните на патот.
Истото се однесува ако стоиме на линија на пат на којшто комутираат возила, имено, не можеме да знаеме дали електромобил е со брзина од 30 километри на час или со 100 километри на час.
Проценката може да се прави и за електробус или тролејбус, а експериментот може да го направите ако застанете на улица или на шини на коишто се очекува да пристигне композиција или трамвај, но само ако ги почитувате упатствата за безбедност, особено ако се работи за истражување.
Ако се споредат товаран воз и трамвај (со 3 или 5 композиции) на шини или електромобил на пат, битна за окото и мозокот е информацијата за величината на возилото во моментот кога стоиме на линијата на шините или на патот. Процената од оваа перспектива е често погрешна или интуитивна, ама сепак погрешна. Окото праќа погрешна информација или пак когницијата погрешно ја толкува, имено дека „малите“ возила изгледаат како да се оддалечени, но дека се движат побрзо, а дека „големите“ возила изгледаат блиску и се поспори. Пробајте да го тестирате видното поле и когнитивниот апарат кога стоите на линија на којашто поминува возило за да се уверите во ова тврдење.
Кај окото постојат два система коишто овозможуваат движење на очите, од кои едниот е рефлексен, несвесен и овозможува пратење на објект додека и самиот субјект се движи, а другиот систем прати објект којшто се движи, додека самиот човек-субјект стои.
Системот очи-когнитивен апарат, функционираат така што, се цени брзината на објектот, според тоа колку пратење во време е потребно од окото, што се чини е еволутивна замка. Имено, ако објектот е поголем, системот за пратење прави апрокимација дека објектот штом е голем мора да се движи споро, според што реакцијата од човек е често несоодветна и се случуваат несреќи со непочитување на правила поставени за шинската линија.
Од статистики може да се изведат и формули по аналитички пат кај шински влечни единици, на пример, колкав пат поминува композиција до застанување, од моментот на активирање на кочници до само застанување.
Примери
Кај товарен воз којшто се движи со 80 километри на час, возот застанува на далечина од 300 до 400 метри, а доколку брзината е и 160 километри на час, возот има потреба од 1 километар и 500 метра за да за да сопре. Возот може да биде товарен или патнички.
Кај трамваи, влечната единица е полесна и системот на кочници може да го застане трамвајот, особено лесен шински транзит (скопски ЛРТ) на доста пократки растојанија од моментот на стиснување на кочниците. За ЛРТ композиција од 30 метра, со 30 до 35 тона маса на шини, кочењето мора да се сведе на патека под 10 метра поради урбаните потреби.
Електродинамичики систем за кочење
Се случува и излегување од шини при судари и понекогаш непредвидливо движење на композиција вон шински систем, ако се случи „робусен“ или „неробусен“ судар со масивен објект од другата страна, или пак ако има непредвидливост со нефункционирање на системот, виша сила или надворешени фактори или друго. Но, ако се работи за кола или човек којшто е на патот, трамвајот може со брза реакција да го стопира движењето по шините, понекогаш и до 5 метри од самото активирање на електродинамичкиот систем за кочење – магнетика.
Препораки од безбедност при движење на шини
Сепак, ако има „нешто“ на пругата, шум или звук на градските шини на одредена оддалеченост, без оглед дали е на 100 метра или на 1 километар, поради тоа што окото „лаже“, најпаметно е да не преминувате шини или веднаш да се трегнете од нив, поради тоа што влечната единица е секогаш побрза од вас со оглед на ограниченото видно поле на системите за визуелна проценка, дури и ако има светлосна или звучна сигнализација.
Припремил: Кирил Минанов