Press "Enter" to skip to content

#ЕЛЕКТРОMОТОР 3 | 3Д принтање + дизајн | Факултет за земјоделски науки и храна | 29 јануари 2020 година 18:00 часот

Трето советување на групата за лесни електрични возила, иницијатива Електромотор, во среда на 29 јануари 2020 година, од 18:00 часот на Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје.

Носач на настанот ќе биде Александар Колов, којшто создава во сопствена работилница и гради лесни возила како дронови, тротинети, помошни елементи за лесни возила и користи 3Д принтер за своите решенија. Александар ќе презентира како доаѓа до идеја за развој и како се доаѓа до решение за продукт, со користење на софтвер и дизајнирање на идеја. Ќе видиме на лице место решенија од 3Д принтер коишто би биле корисни за публиката и ќе разговараме дали има можности за микро и мали бизниси за 3Д печатење, имено, како да се размислува за оваа надоаѓачка технологија. Ќе разговараме и за политики за поддршка на сите коишто градат лесни електрични возила, повеќе инфо на ПротоЛаб

Трето советување Електромотор 3 на 29 јануари 2020

Презентација на Александар Колов за настанот

Стрим од предавањето за комбо на слајдови со радио

скица #електромотор by Ruzica

Второ советување Електромотор 2 од 23 декември 2019

Прво советување Електромотор 1 од 16 ноември 2019

Платформата на идејата за ЕЛЕКТРОМОТОР за лесни електрични возила: Како ентузијасти, личности со и без технички бекграунд, инженери и иноватори, решивме да се среќавме и да дискутираме на технички теми за електрични возила како тротинети, скутери, велосипеди, колички, трицикли, дронови, и слично, за мали ветерници, пико-хидроцентрали, дизајн, за преобразување на возила со мотори со внатрешно согорување во возила на струја, демонтажа и монтажа, поправки и преправки, за преобразувачи и исправувачи, електромотори и елементи, за батерии, тркала, шасии и набавки на материјали, за субвенции, кабли и конфекција, магнети, за рециклирање на материјали, 3Д принтери, за размена на знаење и книги, за учење од предавања на интернет, дебати и учење од наши колеги и искусни инженери, споделување на алатки и мерни инструменти од сопствени работилници во рамки и за потреби на континуираната работилница којашто ја именуваме: Електромотор.

Размислуваме во насока на решавање на проектни задачи со конкретни решенија и правење на лесни електрични и други возила, според наша и ваша визија, од потреба и од љубопитност, поради забава или по барање или по иницијативи на заинтересирани страни во приватен и јавен интерес.

Се советуваме, разговараме, споделуваме и даваме помош при ваш избор. Ве повикуваме доколку имате или сакате да имате или сакате да се информирате за електрично возило, да научите нешто или пак да споделите ваше знаење за лесни возила или да се дружите заедно со нас во рамки на работилницата, добредојдени сте.

Годиште за слободно возење: од 8 до 88.

Повеќе ентузијасти и ентузијастки покренаа иницијатива за формирање на група за лесни електрични возила: #ЕЛЕКТРОМОТОР, како составен дел на Организацијата за електрични возила во Македонија – Електромобилност Македонија, до портал www.elektromobilnost.mk

Mission News Theme by Compete Themes.