Press "Enter" to skip to content

(download) Регулација на напон за полнење на акумулатор без промена на број на вртежи кај алтернатор | Митко Толев

шема

Алтернатор е генератор.

Се користи во сите моторни возила, каде од вртењето на машина во возилото се генерира трифазен напон кој преку диоден мост се исправува и се користи за полнење, на акумулаторот во возило.

Добиениот напон од алтернаторот е малку повисок од 15 [V].

Со посебно коло за регулација на алтернаторот, овој напон се одржува под 14,6 [V]. При полна моќност кај некои автомобили алтернаторот може да произведе еднонасочна струја до 45 [A].

Алтернаторот во принцип е сихрон трифазен генератор на наизменична електрична моќност. Меѓутоа, во неговиот состав има еден мостен диоден исправувач, па така од трите намотки кои даваат наизменични напони се добива исправен еднонасочен напон. Со оглед на тоа дека овој напон е исправен со трифазен мостен насочувач и има мала брановитост и поради тоа е добар извор на едноснасочен напон и струја.

За да може алтернаторот да генерира струја, роторот на алтернаторот е изведен како електромагнет кој се напојува од акумулаторот.

Колото за регулација на напонот на полнење на батеријата (популарно наречено реглер) ја подесува струјата која го поларизира овој електромагнет и на тој начин се регулира јачината на магнетното поле, кој понатаму се користи за одржување на напонот потребен за полнење на акумулаторот.

Во текот на процесот на надополнување на акумулаторската батерија во автомобилот од страна на генераторот на еднонасочна (динамо) или наизменична струја (алтернатор), потребен е регулатор на напон кој во точно одреден момент ќе го прекине надополнувањето со електрична енергија, а со цел да го заштити акумулаторот. Во спротивно, енормно ослободената топлинска енергија би довела до прегревање и испарување на електролитот, а со тоа и до уништување на батеријата. Регулаторите на напон според изведбата се делат на електромеханички или електронски, а според намената, регулатори за динамо или алтернатор.

Регулацијата на напонот може да се направи со интегралното коло NE555.

Интегралното коло NE555 или уште познат едноставно како 555, е ефтин и широкодостапен чип со илјадници секојдневни апликации, се користи како осцилатор, тајмер, генератор на пулсови, и друго.

Максималниот напон потребен за интегралното коло NE555 изнесува 15 [V]. Со опишаниот уред можат да се добијат и напони поголеми од 15 [V] кои би го уништиле интегралното коло NE555. Поради тоа треба да го намалиме на помал напон. Во нашата апликација доволен е напон од 9 [V] кој го добиваме со регулаторот LM7809. Интегралното коло NE555 во апликацијата се користи за управување на MOSFET транзисторот IRF540 и добивање на PWM сигнал. Овој PWM сигнал се искористува за регулација на магнетното поле во електромагнетот во роторот.

Со овој експеримент е можна регулација на напон за полнење на акумулаторот без промена на бројот на бртежи. Намотките во кругот го претставуват алтернаторот. Во алтернаторот има уште 3 диоди (на шемата не се нацртани) коишто се користат за добивање на повратен напон на оригиналниот регулатор. Регулацијата на променливот напон зависи од положбата на потенциометарот кој е приклучен на интегралното коло NE555.

Цена на стари алтернатори се движи од 1000 до 3000 денари. Во принцип: Цената зависи од тоа за кој модел на автомобил е алтернаторот.

Експеримент, тестови, шеми, појаснувања на Митко Толев
link до документ

Референци

aлтернатор, реглер, полнач
https://emiter.com.mk/napis/10927 Петар Аврамовски
https://emiter.com.mk/pismo/13913 Томе Скендеровски
https://emiter.com.mk/pismo/13912 Томе Скендеровски и Кирил Крстевски
https://emiter.com.mk/pisma/1830 полнач за акумулатор од мотоцикл, Кирил Крстевски

NE555 едукација
https://www.electronics-tutorials.ws/waveforms/555_oscillator.html
https://www.electronics-tutorials.ws/waveforms/555_timer.html?fbclid=IwAR21OCiW6xcU5YDhU-guZkGgFPurscnq7gVcdfEHactieZP9ZgonjIjch6w
https://www.electronics-tutorials.ws/waveforms/555-circuits-part-1.html
https://www.electronics-tutorials.ws/waveforms/555-circuits-part-2.html

PWM едукација
https://www.youtube.com/watch?v=v51yWKrEZJM


7809 едукација
https://eeeproject.com/7809-voltage-regulator-short-description-2/

Mission News Theme by Compete Themes.