Press "Enter" to skip to content

Електромотор Кавадарци | Студијска посета во работилницата за лесни возила на Горан Ристовски

Во посета на работилницата за лесни возила во Кавадарци кај Горан Ристовски бевме неколку колеги од групата за Лесни електрични возила при Електромобилност, на 1 февруари 2020 година, во сабота.

Работилницата е опремена со алатки за да се направи електрично возило според потребата на клиентите. Исто така, освен алатки, во работилницата има и палета на материјали коишто се потребни за градба на возило како батерии, батеријски пакети, дисплеи, шасии, мотори, друго.

монтиран запќаник на мотор во тркало, за менување на брзини и фино подесување на брзина со контрола на запчаник

Горан кажа дека има капацитет и дека веќе прави 50 возила во една година, што е навистина за поздравување, се чини дека тоа од мал фамилијарен бизнис може да премине во бизнис со поробусен габарит ако човек и луѓе како Горан бидат соодветно поддржани. На пример, за да се направи мала фабрика, потребно е да се изнајми хала што е голем трошок, халата континуирано да се затоплува, да се вработат работници и други работи коишто како зафат се невозможни ако не бидат вклучени институции, бизнис сектор од микро, мал и среден калибар и други коишто ќе најдат интерес.

Горан ни одржи предавање во декември 2019 на нашите редовни советувања од иницијативата Електромотор 2 кога и се договоривме да го посетиме во неговата работилница; активно се занимава со машинство и електрика над 40 години, по струка е електроничар, при што 20 години бил вработен во ФЕНИ во одржување.

Средбите со сите градители на возила ќе ги одржуваме во рамки на нашите капацитети, за да бараме начини за соработка како и да предлагаме формирање на политики како од општини така и од државата, за поддршка, субвенции, барање на партнери за проекти.

Јас, Кирил Минанов на електричен точак со автоматско управување на возењето, при поаѓање, точакот автоматски „сам“ забрзува, при педалирање, прекинува со забрзување, а исто така и при кочење, намалува со забрзувањето, фантастичен точак којшто мене ми личи на мопед но со паметен софтвер и сензори коишто сами го возат возилото по „чувство“ од потребата на возачот.
предница за трицикл со две предни тркала
трицикл со две задни тркала, со тоа што решението на претходната слика е за предни две тркала
трицикл за фабрика како помошно возило меѓу хали
250 watts
Миро Стојчевски на трицикл
структура на електричен мотор којшто се вградува во тркало
со моќ од 250 вати, за велосипед
БМС за батеријски пакет

Опрема, текст, видеа: Кирил Минанов, Миро Стојчевски, Владимир Петков

Mission News Theme by Compete Themes.