Press "Enter" to skip to content

(соопштение) За штрајкот на машиновозачите во МЖ | Февруари 2020

Електромобилност Македонија им честита на работниците во МЖ, на машиновозачите што го нормализираа железничкиот сообраќај, при што се изборија за сопствените права во последните денови, без да се организирани во формален синдикат, што го прави добивањето на битката со Министерството за транспорт и врски, битно, во момент и ситуација кога работничките права на сите страни низ државата се третираат како фетишизиран комодитет којшто е на распродажба.

Капиталистите се заинтересирани да ја третираат работничката пот како споредна, ефемерна, небитина, полна со испразнети барања на работници коишто само нешто се бунат, а не се „продуктивни“, но и исто така и не знаат да се организираат, што доминантната политичка конјуктура којашто работи во нивен интерес го третира како условна предност во смисла на неспротивставување на лудилото коешто владее во нашето класно деградирано општество со капиталистички односи, поради што се соочуваме со феномен на бегање преку привремено или трајно иселување.

Впрочем, нема млади од средно школо или од факултет коишто планираат овде да седат и вечно да ја трпат тортурата! Тоа треба да биде поттик за промена на политиките кон релаксирање на односите за еднаков пристап до ресурси за сите.

Фактот што МЖ има потреба од 150 машиновозачи, наместо сегашните шеесетина, чии плати мора да бидат рамни на специјалистите во медицината како и на универзитетските професори, ја става оваа мошне ретка професија на „тапет“, секогаш кога добро организирани работници ќе одлучат да се спротивстават на командната економија, на ставарноста на наредби и партиски хиерархии коишто се формирани исклучиво во полза на капиталистите.

Секако, приватизирањето на МЖ во делови и на „рати“, нешто што е најавено, е лоша траекторија по којашто се движат фирмите поделени на инфраструктура и транспорт. Доколку и транспортот се раскрши и се приватизира, попрецизно се „либерализира“, тоа меѓудругото и означува дека „приватниот превозник“, ќе си го организира превозот со свои кадри.

Во смисла на стратегија, кога говориме за електрификација на транспортот, оваа ретка професија мора секогаш да се штити солидарно, затоа што ни претстои комплетна промена во транспортот во смисла на трансформирање на сите возила во електрични, што значи дека на пример за Град Скопје, во иднина, со идејата за шински електричен транзит којшто е во интерконекција со железничката инфраструктура, ќе ја има привилегијата да ја има и оваа мошне специфично одговорна професија како дел од милјето на професионалци. Тука се, се разбира и возачи на дводелни и троделни електрични и водородни автобуси и тролејбуси.

Уште еднаш, Вашата борба е победа за работничките права и пример за солидарно однесување за сите професионалци и од други гранки коишто ќе мора да погледнат кај Вас во смисла на солидаризирање за остварување на своите права.

Електромобилност Македонија

Mission News Theme by Compete Themes.