Четврто советување на иницијативата Електромотор, со групата за градба на Лесни електрични возила, во четврток на 5 март 2020 година, од 18:00 часот.
Настанот <<< ФБ објава, ќе се одржи во просториите на Социјалниот центар ДУЊА, адреса „Рајко Жинзифов“ бр 22, Скопје, којшто се наоѓа веднаш до градската автобуска станица од другата страна на Градежниот факултет – Скопје, по линија на булеварот Партизански Одреди. Mапа на настан >>> https://bit.ly/2SH99QB
Системот XYZ, за градба на модуларни лесни возила од алуминиумски квадратни цевки, без заварување, со или без монтиран електромотор е осмислен и развиен од групата дизајнери N55.
Димитар Самарџиев ќе го претстави своето искуство при обидот да состави XYZ алуминиумски рамки за возила според основните технички нацрти, што се достапни со лиценцата Creative Commons CC BY-NC-SA 3.0. >>> Тркалаб / Wheelab
Модуларниот дизајн овозможува креативен и функционален пристап за градба на разновидни модели, што може да се користат за достава и пренос на лесен товар, за лични потреби или за услужни потреби. Како на пример, подвижен продажен киоск, количка за пренос на добра на куси растојанија за пико, мали и средни фирми, што со поддршка од групата за лесни електрични возила и лесни алатки би ги граделе според нивните специфични потреби.
Можностите за приспособување и надградба на веќе дефинираниот дизајн ќе биде една можните теми на дискусијата, врз основа на што може да се формираат слични проектни решенија. Сите заинтересирани ги молиме да повелат на настанот за да дискутираме за соработка, било поединци или фирми.
…
За претходни советувања, види
електромотор 1 https://bit.ly/2vOXyGk
електромотор 2 https://bit.ly/2vRYE3S
електромотор 3 https://bit.ly/2vN0eEi
електромотор кавадарци https://bit.ly/2uSwYMr
…
Платформа на идејата за ЕЛЕКТРОМОТОР за лесни електрични возила: Како ентузијасти, личности со и без технички бекграунд, инженери и иноватори, решивме да се среќавме и да дискутираме на технички теми за електрични возила како тротинети, скутери, велосипеди, колички, трицикли, дронови, и слично, за мали ветерници, пико-хидроцентрали, дизајн, за преобразување на возила со мотори со внатрешно согорување во возила на струја, демонтажа и монтажа, поправки и преправки, за преобразувачи и исправувачи, електромотори и елементи, за батерии, тркала, шасии и набавки на материјали, за субвенции, кабли и конфекција, магнети, за рециклирање на материјали, 3Д принтери, за размена на знаење и книги, за учење од предавања на интернет, дебати и учење од наши колеги и искусни инженери, споделување на алатки и мерни инструменти од сопствени работилници во рамки и за потреби на континуираната работилница којашто ја именуваме: Електромотор.
Размислуваме во насока на решавање на проектни задачи со конкретни решенија и правење на лесни електрични и други возила, според наша и ваша визија, од потреба и од љубопитност, поради забава или по барање или по иницијативи на заинтересирани страни во приватен и јавен интерес.
Се советуваме, разговараме, споделуваме и даваме помош при ваш избор. Ве повикуваме доколку имате или сакате да имате или сакате да се информирате за електрично возило, да научите нешто или пак да споделите ваше знаење за лесни возила или да се дружите заедно со нас во рамки на работилницата, добредојдени сте.
Годиште за слободно возење: од 8 до 88.
Повеќе ентузијасти и ентузијастки покренаа иницијатива за формирање на група за лесни електрични возила: #ЕЛЕКТРОМОТОР, како составен дел на, Организацијата за електрични возила во Македонија – Електромобилност Македонија
>>> www.elektromobilnost.mk
>>> www.elektromobilnost.mk
>>> https://www.facebook.com/groups/ElektromobilnostMKD/
скица #електромотор by Ruzica