Press "Enter" to skip to content

Капитализмот е неправеден систем | нота во време на ковид—19

Сите политичари денес зборуваат за работничките и работниците, но никому од нив не им е премногу гајле за класните односите коишто владеат во општеството и коишто се стимулираат од парламентарната и извршната власт, од медиумите, гледано години и години назад и коишто се во функција на капитализмот како неправеден систем.

Хипокризијата на политичарите и капиталистите се гледа во системот на рамни даноци коишто ги уништуваат во основа можностите за добри приходи на работничката класа, за бесплатно образование на сите наши сограѓани од основно до високо образование и во основа ги пореметуваат сите други односи и можности за сите наши сограѓани коишто сите ги констатираме со иселувањето, уништените перспективи во Република Македонија, сопственичките односи во енергетиката во делот со јавните добра.

Неприфатливо е енергетиката да биде приватен посед на поединци и групи!

Силата на работничките и работниците е во организираното синдикално делување и ова е повик до сите за пореметување на класните односи во насока на обезбедување на поправеден свет после катастрофата којашто се случува во последните месеци со ковид—19.

Електрификацијата на транспортот, особено јавниот електрифициран транспорт со силна државна поддршка за шински системи во МЖ, но и за Град Скопје се дел од оваа равенка.

Празникот 1 мај не беше за честитање, туку за протести коишто ги очекуваме наскоро по првиот бран од пандемијата!

Mission News Theme by Compete Themes.