Press "Enter" to skip to content

Поддршка за каналот Green queer communist lessons од електромобилност

Од Уставниот суд, беше информирана јавноста дека е укинат Законот за спречување и заштита од дискриминација, поради бројот на пратеници коишто го изгласале, имено 55.

Универзалната декларација за човекови права е усвоена во  далечната 1948 година и според тоа се однесува на сите различни, маргинализирани, отфрлени луѓе. Го осудуваме ова поигрување со животите на луѓето во Република Македонија на коишто овој закон им е потребен како поддршка од државата, контра системското насилство, против физичкото насилство, маргинализацијата, поигрувањето, игнорирањето, сиромаштијата итн. 

Во таа смисла и како поддршка, за јутјуб каналот којшто го води Никола Шиндре, ни беше побарано да ја информираме queer комуната со краток и информативен блок за електрификација на транспортот и продуктот го споделуваме како видео во знак на поддршка во овие моменти на хипокризија на власта.

Електромобилност Македонија го осудува ова дивеење на властите, судска и извршна и ги повикуваме да се вразумат и веднаш да го стават законот во процес на гласање, без оглед дали ќе биде третиран со уредба во вонредни околности или ќе биде ставен на дневен ред на првата собраниска седница во новиот парламент во Република Македонија. Одговорноста за овој скандал има и кај Пендаровски.  

Mission News Theme by Compete Themes.