Критика на идејата за обновлива енергија којашто не е јаглеродно неутрална или неутрална кон планетата, во смисла на „обновливи“ извори на енергија, коишто се третираат како „одржливи“ како еуфемистичка носталгија за либералниот капитализам којшто доживеа фијаско во ек на ковид19. Третманот може да биде исклучиво ре-генеративен.
Поентите и критиката на филмот Planet of the humans: Биомаса не е горење на некаква „маса“, туку тоа е горење на дрва. Биомаса не е опција за енергетска иднина. Производството на алуминиум за електрични возила има потреба од 7 до 10 пати повеќе енергија за производство отколку што е потребно за челик. Гасот е фосилно гориво и не е неутрален во смисла на јаглерод. Идејата за мали хидроцентрали е само изговор за уништување на еко-системите во планини и села, според тоа сите проекти за мали хидроцентрали мора да се стопираат. Ветерните електрани имаат рок на експлоатација како и секоја друга електрана, како и соларните панели, според тоа, прашањето е колку години можат да се експлоатираат во години, а во однос на вложената енергија во производство на овие апарати и векот на користење, така што прашањето е колку енергија они се способни да извлечат од сонцето, ветерот, водата, во однос на тоа што е вложено како енергија во производство; Влез на енергија за производство спротивно на излез на енергија. Каква енергија се користи во производството?, имено, не постои обновлива енергија ако не е јаглеродно неутрална.
Да се запрашаме и да разговараме.