Електромобилноста доживува пораст во Германија каде што сè повеќе и повеќе се продаваат електромобили. Бумот е во голема мера управуван од хибридните возила.
Сепак, истражувањата покажуваат ефекти коишто се неочекувани. Во прилог коментари од студијата од германскиот институт, но и линк до студија. Проблемот е што при секојдневната работа на возачите коишто го користат главно моторот со внатрешно согорување има емитување на значително повеќе СО2 отколку што се сметаше претходно во проекциите и пресметките на германските емисии за стакленички гасови до 2030 година. Ова е резултат од истражувањето на IFEU – Институт за енергетски и еколошки истражувања, Öko-Institut и „Транспорт и животна средна“ од име на Федералното министерство за животна средина на Германија.
„Со оглед на пазарните прогнози нашите пресметки покажуваат дека ќе има до 4,3 милиони тони повеќе емисии на CO2 во 2030 година за транспортниот сектор од plug-in хибридите, доколку делот од електричното возење остане низок колку што е денес“, вели Рут Бланк од институтот Öko.
За да се погледне во иднина според претходните оценки, целта на емисиите на CO2 во транспортниот сектор од 95 милиони тони СО2 за 2030 година ќе биде надминат со околу 30 милиони тони СО2. Причината за нискиот дел на електричните патувања во plug-in автомобилите со комбинирана употреба на мотор за внатрешно согорување и електричен мотор е пред сè во недостатокот на економски поттик за полнење и особено кај службените автомобили со често повисока дневна километража. Денес, повеќе од три четвртини од хибридите на полнење во Германија се регистрирани како службени возила.
Покрај тоа понекогаш нема опции за полнење дома или на работно место. Како дополнување, plug-in хибридите често имаат натпросечни енергетски побарувања (потрошувачка на гориво) поради својот дизајн, моторизација и тежина. Околу една третина од новорегистрираните plug-in хибриди се SUV или оff-road возила.
Во многу случаи батеријата е недостапна за дневните километри во толку тешки возила. И кога возите брзо или снажно забрзувате, моторот со внатрешно согорување се вклучува и ја превзема работата дури и доколку батеријата е сè уште полна. Доколку возилата се полнат со електрична енергија произведена со мал процент на СО2, од обновливи извори или нуклеарни централи, при што има придвижување и главно управување во режим на електрично возење, емисиите на СО2 значително се намалуваат.
За хибриден приклучок со средна големина ќе има околу 130 грама емисии на СО2 на километар [g/km] во 2030 година, додека просечната вредност што треба да се постигне е околу 60 [g/km].
„Понатамошниот раст на пазарот на plug-in хибридните превозни средства ги загрозуваaт климатските цели на Германија за 2030 година во транспортниот сектор. Од аспект на животната средина итно треба да се преиспита промоцијата на бонусите за купување и даночните поволности“, коментира директорот на истражувањето од ifeu, Јулиус Јеренс.
…
ИЗВОР IFEU – Т&Е – Öko-Institut e.V. >>> Plug-in hybrid electric cars: Study on behalf of the German Federal Ministry for the Environment, Nature Conservation and Nuclear Safety
извор на статија