Во рамки на проектот greener mobility реализиран со помош на UNDP, а преку компанијата SEAK од Словачка, Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “во Скопје, добива полначница за електрични возила, која ќе биде инсталирана на западниот дел од паркингот до анексот.
Ве покануваме да присуствувате на свеченото пуштање на полначницата закажано за четврток – 27.05.2021 година во 9:00 часот, кое ќе се одржи на отворено на паркингот.
Во 10:00 часот на ФЕИТ ќе се одржи презентација на проектот: Greener mobility: Know-how transfer in the area of electromobility. Презентацијата ќе се одржи преку видео врска.