Press "Enter" to skip to content

Идиоти коишто ја водат државата им дале 90 милиони евра субвенции на газди на мали хидроцентрали за струја која чини дупло поефтино | Државен завод за ревизија

Малите хидроцентрали лани произвеле само 4 проценти од вкупното домашно производство на струја, а од 2020 до 2021 за нив, газдите на малите хидроценрали добиле 90 милиони евра во џеб, што е за 41 милион евра повеќе од пазарната вредност, поради користење на законски предвидените повластени тарифи врз основа на договор со важност од 20 години, а на товар на крајните корисници, открива ревизијата.

Покрај тоа професионалците во ДЗР откриле дека при издавање на концесии за мали хидроцентрали воопшто не е правена процена на влијанието врз животната средина. Тоа предизвикува ризик врз животната средина, констатираат од ДЗР. Хидроцентралите почнувале да работат и да користат вода без регулиран воден надоместок односно бесплатно со што е направена штета на буџетот. Концесиите биле издавани и врз основа на застарени хидролошки податоци. А имало слабости и во склучувањето на договори за концесии поради несоодветното планирање на мали хидроцентрали.

Многу неправилности во работата на државните институции открива ревизијата на усогласеност на темата „Експлоатација на водни ресурси при производство на екектрична енергија за периодот од 2012 до 2021 година.“ Ревизијата открива и дека малите хидроелектрани не уплатиле 22.8 милиони денари на име надоместок на водно право. Дури 17 мали хидроцентрали од основањето до денес не уплатиле ниту денар.

– На денешниот ден ќе имаме можност да ги презентираме утврдените состојби од страна на ревизорскиот тим за извршената ревизија на усогласеност на експлоатација на водните ресурси при производството на електрична енергија, малите хидроелектрани за периодот од 2012 – 2020 година каде како ДЗР имаме утврдено поголем број на препораки за изменување на состојбата, но во исто време и заштита на животната средина која претставува една од клучните цели за одржлив развој донесени од Обединетите Нации, изјави главниот државен ревизор Максим Ацевски.

Mission News Theme by Compete Themes.