Остварена е средба на Електромобилност и Комора на Мал Бизнис со претставници на КроШу во фабриката во Жабени – Битола на 21 јуни 2021 година. На состанокот беа разговарани теми од взаемен интерес; размена на знаења, идна комуникација и можна соработка, при што претставниците на организациите беа во обиколка на фабриката под водство на тимот инженери коишто ја водат фабриката.
Од 2012 година во Жабени се произведуваат кабелски снопови за „БМВ“. Денес фабриката произведуваа кабелска конфекција по програми за „Мерцедес“ и за „Ауди“. Вкупната површина на фабриката е 46000 метри квадратни со 5500 вработени.