Press "Enter" to skip to content

Хаварија во РЕК Битола | изјава за јавност на бивш директор на РЕК Битола

Еве додека го следиме падот на оваа влада и формирање на новата од новите коалициони партнери, се случува голема хаварија во РЕК Битола. Случајно?

Во ова мое обраќање до јавноста сакав да пишувам за невозможноста да се донесат 900.000 тони [Т] јаглен и тоа како што беше последно кажано со камионски превоз на оддалеченост од 300 и повеќе километри, или во двата правци 600 и повеќе километри.

Јагленот кој го користи РЕК Битола е, беше, со просечна калорична вредност од од 1750 [kcal/kg], а во моментот се копа далеку понеквалитетен јаглен. Сетo ова, овој тендер го прави безнадежен со цена која не знам кој ќе може да ја плати. Другата алтернатива со железнички превоз нема да биде ништо поефтина. Зошто?

Во оваа варијанта имате утовар и растовар на јагленот на посебни вагони од кои треба да се утовара и растовара јагленот. Ова потоа значи да имате формирање на уште една помошна депонија на железничка станица и од тука претовар на камиони возење околу 12-13 [км] и растовар директно на депонијата за јаглен која во моментот е празна и може да прими дури 700-800.000 [Т] јаглен.

Катастрофална еколошка состојба, енормно загадување во целиот крај. Секој паметен и секој кој барем малку разбира за РЕК Битола ќе каже дека ова е невозможна мисија.

Во моментот раководството на РЕК Битола и генералниот директор Васко Ковачевски излегуваат со помпезна информација дека на депонијата за јаглен во моментот има 40.000 [Т] јаглен и со букви четириесет илјади тони јаглен, за обичните граѓани и неупатените во проблематиките во РЕК Битола ова изгледа огромна бројка но ова е катастрофично за Република Македонија.

На времето без 500-600.000 [Т] депонирани на депонијата на јаглен не ни почнуваше грејната сезона, дневната потрошувачка на јаглен за трите блока се движеше од 18-20.000 [T] јаглен, а сега со овој никаков квалитет на јаглен господата планираат да работат со два блока и да трошат „само“ 10.000 [Т] јаглен за двата блока. Весела математика на некој што не разбира ништо. Сепак и оваа бројка од 40.000 [Т] доволно кажува дека ситуацијате е безнадежна. Зошто?

Никој никаде не се фали со резерва за 3-4 дена работа на двата блока и тоа на почеток на грејната сезона, но прво што треба да кажат е колкава е откривката на јаглен во рудниците Подински серии и Брод-Гнеотино и која е можноста за негова експлоатација и носење на централната депонија во РЕК Битола. ОВА Е НАЈВАЖНОТО, но никој не кажува ништо за ова.

Но додека го пишував ова во текот на вчерашниот ден во вечерните часови се случува хаварија, отворен оган од блочниот трансформатор на блок 3. Катастрофа од невидени размери, не знам точно, сеуште нема официјална информација што точно се случи синоќа но доколку се работи за поголемо оштетување на блочниот трансформатор тоа значи и да имате јаглен и од повеќе, овој блок наредните 5-6 месеци ќе биде надвор од употреба.

Бог да ни е напомош на сите граѓани на Македонија со ваквата работа и размислување на ова неспособно раководство.

спиро мавровски
More from индустријаMore posts in индустрија »
Mission News Theme by Compete Themes.