Press "Enter" to skip to content

Крај за моторите на течно гориво 2030 | Соопштенија за јавност од автомобилски компании | Волво, Мерцедес, Ауди, Тојота, Пежо, Рено, Нисан, Фолксваген, Хонда, БМВ, Опел, Мазда, Фиат, Шевролет, Мицубиши, Хјундаи, Сузуки, Шкода, Форд, Даухатсу, Сеат, Бентли, Киа…

Порано, нудењето на лепеза на варијанти на погон беше предуслов за маркетинг и настап на пазарот на возила, но со дискунтинуитетот којшто го воспоставија електричните возила, тие времиња се минато. Возачките и возачите сè помалку се интересираат за коњски сили, дизел машината ја загуби популарноста, климатската катастрофа создава специфична култура. На производителите сè уште не им е јасно што ќе се случува, но свесни се дека досегашната понуда не може да опстане бидејќи тука нема профит.

Производителот на возила „Волво“ и уште 24 компании бараат ЕУ по 2035 година повеќе да не дозволува регистрирање нови автомобили со вообичаен мотор.

Австрија најави дека до 2030 ќе ги забрани возилата со течно гориво, а истото го најавија и скандинавските земји.

Од „Рено“ планираат десетина нови возила на струја до 2025.

Клаус Зелмер е директор за продажба на „Фолксваген“; човекот ги откри плановите за целосна електрификација, при што најдоцна до 2035 година, „Фолксваген“ нема да продава машини со течно гориво. По Европа, електрификацијата на „Фолксваген“ ќе продолжи во Северна Америка и Кина, па во Јужна Америка и во Африка кадешто можеби ќе доцни електрификацијата поради инфраструктурни проблеми и политичка нестабилност гледана од аспект на парламентарна либерална демократија. На глобално ниво, автокомпанијата смета дека комплетната електрификација на моделите ќе заврши до 2050 година.

Од „Хонда“ најавија дека планираат целосно да го пренасочат производството само на електрични возила како и на возила со водородни ќелии. Планот на „Хонда“ е дека целта планираат да ја постигнат до 2040 година, при што скалабилно ќе го насочуваат производството до 40% до 2030 и понатаму на 80% до 2035. Планот означува дека по 2040 година сите возила ќе бидат електрични, без оглед дали од нив ќе имаат погон на водород. Дополнително, во соопштението беше најавено дека имаат во план, до 2050 година, комплетното работење на компанијата да биде со нулта емисија на гасови кои предизвикуваат климатски промени, тука се мисли на сите делови од коишто е направено возилото да се неутрални во смисла на микс на енергенси.

Од „Волво“ најавија дека ќе продаваат исклучиво хибридни и електрични возила од 2025 година.

Во „Форд“ одлучиле дека од 2030 година ќе произведуваат само електрични возила.

Во францускиот производител „Пежо“ планираат електрифицирани изведби на сите модели до 2025 година.

Од „ФИАТ“, шефот Оливие Франсоа најави дека до 2030 година, комплетната палета компанијата ќе биде составена само од електрични автомобили. Од 2025 до 2030 година, постепено ќе има премин кон електрични возила.

Од „Ауди“ со информации за медиумите беше соопштено дека „производството на последните новоразвиени мотори на течно гориво на „Ауди“ ќе почне за четири години“. Почнувајќи од 2026 година, „Ауди“ ќе произведува исклучиво електрични возила. Производителот цели кон тоа да има повеќе од 20 електрични машини до 2025 година. Во „Ауди“ планираат да ги исфрлат моторите со течно гориво до 2033 година. Сепак, во компанијата очекуваат дека ќе има побарувачка во Кина и по 2033 година, а каде ќе се произведуваат овие застарени возила останува да видиме. Елиминацијата на овие машини во „Ауди“ планираат да се поклопи со елиминацијата на хибридните погони, имено, според информациите од „Ауди“, „повеќе нема да има ниту хибридни модели од 2026 година“.

Од ,,БМВнајава за укинување на доста од сегашните погонски варијанти на моделите кои ги произведува до 2025.

Од „Киа“ веќе најавија дека до 2027 година ќе имаат седум електрични модели во палетата.

Од „Хјундаи“ најавија програмата за електрификација во текот на следните пет години со палета од 44 модели со батерии или горивни ќелии.

Во „Мерцедес“ веќе работат на електрификацијата.

Од ,,Опелнајавија стратегија за целосна електрификација, ќе нудат само електрични возила до 2028.

Во „Шкода“ имаат амбиција до 2030-тата година од 50 до 70% од продадените нови возила бидат електрични.

Од „Шевролет“ објавија дека до 2025 година компанијата ќе лансира минимум 20 нови електрични возила.

Од ,,Сеатима најава за произведство на електрични автомобили во Шпанија почнувајќи од 2025 година.

Од ,,Бентли најавија дека сите модели ќе добијат плаг-ин хибрид модел, а меѓу 2026 и 2030 година ќе биде реализиран трансферот од плаг-ин хибридни на целосно електричен погон.

Од ,,Тојота моторсимаат намера да го запрат производството на бензински и дизел мотори до 2025 година. „Тојота моторс“ формира партнерство со „Сузуки“ и „Даихатсу“ во електрификацијата со специфична цел во мини возила.

Од „Мицубиши моторс“ веќе длабоко се навлезени со електрификацијата пред повеќе години со сериско производство на електрично возило под 100 килограми.

Од „Нисан“ веќе се на пазарот уште од 2010 со електрично возило.

 Од ,,Маздапланираат до 2035 целосно да се откажат од производството на бензински или дизел мотори во корист на хибриди и електрични.

Mission News Theme by Compete Themes.