За порталот
Електричните возила допираат повеќе дисциплини како урбанизација и транспорт, антропологија, урбана архитектура, општествени дисциплини, итн. Според тоа, гледајќи кон културата како целина, со директна вклученост на едукативните и факултетските автономни зони. Електромобилноста силно ја промовира науката и напредното инженерство, но двигателот не се електричните возила сами по себе, туку, се работи за трансформација на културата и урбаните средини во целина, со аспекти за трансформирањето на урбаната архитектутра. Принципот е, порталот да биде отворена база која ќе биде достапна за сите заинтересирани за дисциплината. На порталот веќе се објавени и достапни бројни статии, колумни, инженерски пракси, трудови од научни списанија, дипломски, магистерски, докторски трудови, бројни видео предавања итн. Сите трудови од дисциплината се добредојдени и со задоволство ќе ги објавиме!
info@elektromobilnost.mk
Организација за електрични возила во Македонија – ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА преку порталот ќе обработува субсет од области за електромобилноста, водородните и хибридните возила, возилата на воздух под притисок како и други форми на погон кои не можеме да ги видиме во мејн-стрим медиумите или на авто-патиштата; туку како концепти и прототипови, на научно-истражувачките институти и факултетите или во гаражите на иноваторите итн. Порталот ќе ја информира и обработува дисциплината за електромобилноста со организирање на настани, семинари, тренинзи, научни статии, дизајн, посети на саеми, соработка со производители, иновации, документи, политики, итн. На порталот ќе бидат објавувани и научни текстови, статии и студии од допирни дисциплини.
Уредништво: Кирил Минанов, Ружица Парс., Крум Георгиев, Александар Ковач, Виктор Донски.