(ENGLISH version below!) Драги пријателки и пријатели, колешки и колеги, професор(к)и, граѓан(к)и, во петок на 18 септември 2015 Ве каниме на целодневни активности со почеток од 09:00 до 17:00 часот поврзани со електрични возила како дел од ЕВ2 Конференција која опфаќа:
Прв ЕКСПО за електрични возила во Македонија
Втора ЕВ2 Конференција во Македонија
Работилница за практични апликации за ЕВ
Електричен полигон 2
Влезот е бесплатен за сите сесии!
Идејата за ЕВ2 НАСТАНОТ потекнува од континуираните напори и работа на ТИМОТ на ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА.
Цели на проектот
Подигнување на свесност кај граѓанството за електричните возила и заштитата на околината е главната цел на настанот. Директен контакт на граѓаните преку ЕКСПО со напредните технологии во електромобилноста. Ваквите активности имаат за цел да створат широка рамка за приготвување на серија на стратегии за електрична мобилност во Македонија со насока кон електрификација на транспортниот сектор во Македонија.
Место и време на настанот
„Електричниот полигон 2”, односно едукативниот час со учениците од основните училишта има за цел запознавање со електричните возила со дополнителен акцент за нивното значење за животната средина. Инаку овој настан предвидено е да биде вовед во целодневните активности на 18 септември 2015 г. а истиот ќе се случува на паркинг просторот на кампусот технички факултети (МФС и ФЕИТ) во Скопје.
Научничко-теорискиот дел (Втората Конференција за ЕВ во Македонија кодирана како ЕВ2 Конференција и Работилницата за практични апликации за ЕВ) во рамки на настаните ќе се одржи во просторијата K9 во зградата при Институтот за МКММ и возила при Машински факултет – Скопје, нова зграда. ЕКСПО е закажано и ќе се одржи на паркинг просторот од Машинскиот Факултет и Факултетот за информатички технологии во близина на зградата од Институтот за МКММ и возила. На паркинг просторот ќе бидат презентирани електрични возила, полначи и дополнителна опрема која директно е поврзана со електрична влеча. Настанот е предвидено да се одржи во рамки на глобалниот настан „Европската недела на мобилност” на 18 септември 2015 година (петок). Времето предвидено за одржување на настанот е со почеток од 9 до 17 часот.
Зграда на Институтот за MKMM и возила, Машински факултет – Скопје:
Тимот
Членови на НВО ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА со поддршка на Секторот за заштита на животната средина и природата при град Скопје и Институтот за МКММ и возила при Машинскиот факултет – Скопје ќе ги организираат споменатите НАСТАНИ. Сите кои сакаат да волонтираат на настанот и да бидат дел од организацијата се добредојдени, напишете ни и-меил: info@elektromobilnost.mk 🙂
Целни групи
Целта е да имаме мноштво различни заинтересирани поединици и групи за напредните технологии во автоиндустријата и електротранспортот како: студенти и средношколци, професорски и наставнички кадри, претставници на компании, генерално групи и поединци од граѓанството заинтересирани и пасионирани љубители на електричните возила итн.
Вклучени страни
Очекуваме директна вклученост од наставниот кадар од Машинскиот факултет – Скопје, Факултетот за електротехника и информациски технологии, иноватори, повеќе оддели од градската управа на Скопје, ЈП Градски паркинзи, компании кои продаваат електрични возила е-скутери и е-велосипеди, компании кои продаваат полначи и дополнителна опрема како батерии, кабелска конфекција, контролери, електромотори, електромашински компании во широк спектар, државни и приватни електроенергетски компании, општествено одговорни компании од други сектори, инженери кои прават преработки од класични во електрични возила
Ризици поврзани со проектот
Можни ризици и пречки во реализација на дел од НАСТАНИТЕ на 18 септември 2015 г. би можеле да бидат метеоролошки неприлики односно појава на дожд што би можело да го намали присуството на поголем аудиториум и посетеност од страна на граѓаните кои би дошле на ЕКСПО коe ќе се одржи под отворено на паркингот пред зградата на Институтот за моторни возила и хомологација при МФС. Ризикот е со мала веројатност, но го земаме во предвид.
Очекувања од настанот
Рамките на настанот дефинираат дека ќе има зголемен интерес на граѓаните за ЕВ како нов тренд во мобилноста и како алтернатива на аерозагадувањето со зголемување на интересот на град Скопје и државните институции за купување на ЕВ (електрични возила) во широк спектар, имплементирање на инфраструктура од полначи во град Скопје и Македонија (коридори север-југ и исток-запад и урбаните центри) со субвенции за граѓаните и легалните ентитети кои ќе купат електрични возила или кои веќе користат електрични возила. Субвенциите кои се очекуваат од локалната самоуправа и државата во процесот на подигнување на свеста за употреба на електричните возила претставуваат финансиска помош при набавка на електрични возила вклучувајќи е-скутери и е-велосипеди. Како дополнителен мотив кој се очекува дека значително ќе го стимулира македонскиот граѓанин при набавка на вакви превозни средства е овозможување на бесплатни паркинзи во рамки на целата држава во општините каде е воспоставено зонско паркирање, бесплатно полнење на возилата преку полначи инсталирани на јавни места, бесплатни патарини низ целата држава, намалени трошоци за регистрација на возилата, намалени трошоци при увоз на возилата итн.
Ве повикуваме да дојдете, а ТИМОТ на Е-мобилност Ве поздравува!
English version:
Dear friends and colleagues, professors and citizens, on Friday 18th of September 2015 we invite you on the campus of the faculties of Mechanical and Electrical engineering for a whole day of EVENTS starting from 09:00 hours till 17:00 hours all connected to electrical vehicles, pls view the AGENDA and you are welcomed, you are WELCOMED in any of the sessions interested for yourself.
EV2 Conference covers
1st EXPO for Electric Vehicles in Macedonia
Second EV2 Conference in Macedonia
Workshop on practical applications in EVs
Electric Polygon 2
The idea for the EV2 EVENT arises from the continuous efforts and work of the TEAM of ELEKTROMOBILNOST MAKEDONIJA.
Objective of the project
The project aims at raising awareness among the general population about the importance of electric vehicles on the environment with direct contact with the citizens with the new technologies in electric mobility. The initiative aims at a broader framework for preparing series of strategies for electromobility in Macedonia.
Place and time of the event
Electric polygon 2 organized for the second time as the number 2 suggests as an educational hour with primary school kids as an introduction into electric vehicles as well as their importance for the environment. The whole day of EVENTS shall be initialized with the E-polygon 2 on the 18 of September 2015. The event is scheduled to be organized on the parking space on the campus of technical faculties(Faculty of Mechanical Engineering – Skopje and Faculty of Electrical Engineering and Information Technologies). The scientific theoretical share (Second Conference for EV in Macedonia coded as EV2 Conference and the Workshop for practical applications regarding EVs will be both separate sessions with differentiated audiences as scientific and applicative ones) in the framework of the EVENT is scheduled for realization in the K9 room in the building of the Institute for MKMM and vehicles in the Faculty of Mechanical Engineering – Skopje, new building. The EXPO is scheduled to be organized on the parking space on the campus of the Mechanical Engineering – Skopje and the Faculty of Electrical Engineering and Information Technologies. The parking lot on the campus is planned to lay the presented electric vehicles, apparatuses and accessories with regard to the EVs. The event is scheduled as part of the global event “European Mobility Week” on 18th of September, 2015 (Friday). Time scheduled for holding the event is 09:00 until 17:00.
Venue of the event:
The team
Members of NGO Elektromobilnost Makedonija with support of the Department of environmental protection and nature in the City of Skopje and the Institute for MKMM and vehicles in the Faculty of Mechanical Engineering will be organizing the EVENTS. Volunteers are welcomed to be part of the organization, write us an e-mail: info@elektromobilnost.mk 🙂
Target audiences
The goal is that we have different visitor groups interested in the advanced technologies in the auto industry such as: students, professors, representatives of companies, citizens and lovers of electric cars etc.
Stakeholders
We expect direct involvement by the scientists from the Faculty of Mechanical Engineering – Skopje, Faculty of Electrical Engineering and Information Technologies, stakeholders from the City of Skopje, precisely the Department of Environmental Protection and Nature, through PE City Parking, Motor Show, companies selling electric scooters and bicycles, companies producers of chargers for electric cars, innovators, electromechanical companies in a broad spectre, state energy companies, engineers making conversions from conventional to electric vehicles, NGO E-mobilty group etc.
Risks regarding the project
Possible risk and obstacles in the realization of the EVENT on the 18th could be an occurrence of meteorological phenomenon and possibly rain that could reduce the presence of a greater audience and attendance by citizens at the EXPO intended to be held outdoors in the campus parking lot in the Institute for MMKMM and vehicles at MFS and the parking lot in front of the Faculty of Electrical Eengineering and Information Technologies. This risk is reduced with a certain probability, but should always be taken into consideration.
Expectations of the project
Within the framework of the project we expect an increase of the interest of the citizens for electric vehicles as a new trend in mobility and increase in the interest of the City of Skopje and State institutions for purchase of electric vehicles in broad spectrum, establishment of an infrastructure of chargers around the City of Skopje and through out Macedonia north-south and east-west corridors and urban centres) with provided subsidies for the citizens and legal entities who will buy EVs or are already using electric vehicles. Subsidies are expected from local governments and the State through the process of awareness for the use of electric vehicles and the benefits for the environment and financial subsidies for the purchase of electric vehicles including e-scooters and e-bikes as well. As an extra motivation that will significantly stimulate the Macedonian citizens for purchasing EVs will be providing free parking throughout the city, free charging, toll free throughout the country, reduced to zero costs for registration, reduced costs for importing the vehicles etc. We push for a regulation and State law regarding EVs and a series of strategies regarding EVs in Macedonia via the Faculties and Institutes as well as cluster as a EV chamber for possible production of parts for the E-mobility industry and electric vehicles in broad range as we in the NGO ELEKTROMOBILNOST MAKEDONIJA EV builders group have the capacity to lead the whole process.
CHEERS and contact us and let’s work together for the EV future! 🙂