Press "Enter" to skip to content

(download) Примена на енергетски преобразувачи во системи за полнење на батериите кај ел. возила | MAKO CIGRE 2017 B4-047R | Цветковски, Петковска

ПРИМЕНА НА ЕНЕРГЕТСКИ ПРЕОБРАЗУВАЧИ ВО СИСТЕМИ ЗА ПОЛНЕЊЕ НА БАТЕРИИ КАЈ ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА

КУСА СОДРЖИНА

Во денешно време енергетската ефикасност претставува врвен приоритет. Тоа е потпомогнато од грижата за климатските промени и високите цени на нафтените производи. Голем дел од потрошувачката на нафтените производи отпаѓа на транспортниот сектор, односно на друмските возила. Од тие причини особено е важно во наредниот период да дојде до коренити промени во транспортниот сектор. Првите чекори се веќе направени од неодамна со воведувањето на хибридните возила, а во последно време и со брзото воведување на електричните возила. За унапредување на ваквиот вид на транспорт потребно е да се развиваат областите на енергетската електроника (енергетските преобразувачи), електричните мотори, механиката како и информациските технологии. Во ваквиот систем на транспорт енергетските преобразувачи наоѓаат примена како во системите за напојување и регулација на електричните мотори како главни погонски системи на електричните возила, така и во системите за полнење на батериите. Во системите за напојување и регулација на електричните мотори примената на одреден вид на енергетски преобразувач во голема мерка зависи од типот на мотор кој треба да се напојува и управува. Во трудот ќе бидат презентирани неколку видови на топологии кои можат да се применат како системи за полнење на батериите кај електричните возила.

Во денешно време системите за полнење на батериите кај електричните возила можат да се поделат во две групи:

• Системи кои овозможуваат еднонасочен тек на енергијата (мрежа-возило) (М-В)
• Системи кои овозможуваат двонасочен тек на енергијата (мрежа-возило-мрежа) (М- В-М).

Во овој труд ќе бидат разгледани неколку покарактеристични топологии на системи, при што ќе биде направен преглед на нивните излезни карактеристики со посебен осврт на нивното влијание врз мрежата по основ на вишите хармоници. Оваа проблематика од ден на ден ќе станува особено актуелна со зголемувањето на примената на хибридните и електричине возила, како и можноста тие да бидат користени како извор на електрична енергија во идните паметни мрежи.

Клучни зборови: електрични возила, батерии, енергетски преобразувачи, полначи на батерии.

Автори: Гога Цветковски, Лидија Петковска; Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје Факултет за електротехника и информациски технологии.

Линк: ТРУДОТ е објавен на советување на СИГРЕ Македонија.

Mission News Theme by Compete Themes.