Press "Enter" to skip to content

(настан) Електрични возила како алтернатива на аерозагадувањето

На 26ти јуни 2014 при Институтот за моторни возила и хомологација, на Машинскиот факултет Скопје, МКД, инженерското здружение на граѓани ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА ќе одржи Работилница. Ќе има и мал саем и неколку електрични возила од неколку категории; сите учесници ќе можат да ги возат електромобилите. Споделете ја информацијата за заинтересирани граѓани, инженерски и научнички и други кадри, ентузијасти и вклучете се на предавањата и дискусиите; Дополнителни информации на info@elektromobilnst.mk ; повелете!

WS: EV's as an alternative to AirPollution
WS: EV’s as an alternative to AirPollution

 

работилница банер
работилница банер

One Comment

  1. Ljupco Gasteovski Ljupco Gasteovski јуни 17, 2014

    Драги пријатели на природата,

    Загадувањето на Планетата е ,,homo sapiens,, шопинг-распродажба. Но, планетата веќе ги изгуби нервите и ја испорачува фискалната сметка, со се’ затезната камата и ДеДеВе-то.

    Хомо сапиенсот многу сака да јаде и пие, на туѓа сметка. На влезот од отмена гостилница пишувало: ,,Јадете и пијте колку сакате, внукви ќе плати,,.
    По богатата гозба, при расправијата келнерот вели: ,,Добро де, за денес си ослободен, внукти ќе плати за тебе, ама ти сега мораш да платиш за дедоти,,.

    Демографската и урбаната експлозија, жестоко ја сардисува животната средина. Скопјанизацијата на Македонија, од Скопје направи прикаска за себе.

    Скопје има микро клима изгор лето кочан зима.

    За зимското загадувањето во Скопје дежурни кривци се железарата и индустријата, топлификацијата и домаќинствата, градежништвото, сообраќајот, климатските прилики и др. Минатата зима металургијата и индустријата не работеа, топлификацијата целосно беше на природен гас, а ПМ10 частичките, на места, беа над 20 пати над дозволеното!!??

    – Зошто Скопје, па и Кичево, па и Битола, … редовно зимно време ги заковува ледена воздушна маса, која преоѓа во воздушна кал, ради што и птиците мораа да одат пешки?
    – Зошто во Скопје врнеше снег од ѕвездано небо?
    – Зошто се потенцира баш ПМ10 частичката?
    – Зошто науката ја однемува или трае?
    – Зошто …

    Македонија е увозник на загадување, ама под тоа ледено воздушено ѕвоно и да сакаш не ќе можеше да се увезе загадување.
    Е па тогаш, кој не’ загадува?

    Не барај дупки во природните закони-Електомобилноста овде многу може да помогне.
    На 26 јуни на Машинскиот факултет, ќе се обидеме барем да начнеме дел од дилемите. Сезонската дијаметралност е навремена подготовка, во пеколно лето, за идните зими.

    Повелете,
    Ваш,
    Љупчо Гаштеовски

Comments are closed.

Mission News Theme by Compete Themes.