Posts published in “Еко”
Традиционално Електромобилност Македонија преку настанот Електричен полигон по четвртти пат продолжува со едукација за основци и средношколци за електричните возила и нивното значење, како дел од глобалниот настан „Европска недела на мобилност“ кој оваа година се спроведува под мотото “Споделувањето те движи напред“. Настанот ќе се одржи на 19 септември…
Според податоците од Институтот за јавно здравје, најчестите болести во земјата и во Скопје се поврзани со загадениот воздух. Дури 40% од луѓето, кои се лекувани во амбулантите , имале заболувања на респираторниот и на циркулаторниот систем, а 55% од децата до шестгодишна возраст страдаат од болести на белите дробови…
На 26ти јуни 2014 при Институтот за моторни возила и хомологација, на Машинскиот факултет Скопје, МКД, инженерското здружение на граѓани ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА ќе одржи Работилница. Ќе има и мал саем и неколку електрични возила од неколку категории; сите учесници ќе можат да ги возат електромобилите. Споделете ја информацијата за заинтересирани граѓани,…
Тимот на ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ го поддржува 5 јуни, светскиот ден за животна средина преку своите редовни активности и учество на трибини, семинари и други форми на организирање поврзани со ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ и влијанието на сите фактори поврзани возилата врз средината. повеќе инфо: http://www.unep.org/wed/
Индексот ги зема во предвид концентрациите на сулфур диоксид (SO2), азот диоксид (NO2), суспендирани честички (PM10), фини честички (PM2,5), озон (O3) и јаглерод моноксид (CO). Измерените концентрации се споредуваат со постојните упатства за квалитет на воздухот. Овој индекс за квалитет на воздух е развиен преку Заеднички информации за воздух во…
NO се создава со реакција меѓу N2 и O2 на висока температура. Оваа реакција се случува во инсталации за производство на електрична енергија, со согорување на фосилни горива во печките. Сепак, главен извор на NO се издувните пареи од моторите на автомобилите. При доволно висока концентрација, NO може да реагира…
CO е безбоен, отровен гас без мирис и вкус. На глобално ниво е проценето дека 80% од јаглерод моноксидот присутен во атмосферата потекнува од природни извори. Природата е способна да го спречи зголемувањето на концентрацијата на CO во атмосферата, бидејќи бактериите во почвата го претвораат во CO2. Останатите 20% произлегуваат…
SO2 е задушлив гас со остар мирис, кој се формира со согорување на материјали кои содржат сулфур. Тој претставува гас кој, при вообичаени концентрации на амбиентниот воздух, може да реагира со влажноста во воздухот формирајќи сулфурна киселина. При согорување на гориво кое содржи сулфур, сулфурот оксидира во SO2 дополнително реагирајќи…
Малите вдишливи честички може да бидат едни од најштетните загадувачки супстанции во воздухот. Суспендираните честички со дијаметар помал од 10 микрометри (PM10) може да продрат длабоко во респираторниот систем на луѓето. Штетните честички се емитуваат во атмосферата од голем број на извори, како на пример издувниот систем на возилата, греењето…
Фантастичен звук на локомотива и возење Скопје – Табановце. Доживувањето со воз е прекрасно, единствено и магично особено на долги релации, иако и кратките пленат со шмек на филм кој се развива пред нашите очи.
Еколошки освестените држави со децении го пречистуваат возниот парк, само Македонија го гледа виновникот за отровниот воздух во скарата на ќумур. Тоа што никој не го кажува: Народот мора да троши гориво, државната каса мора да се полни. Македонија вози за државата да функционира. Секој граѓанин што поседува возило, несвесно,…
Биокапацитет е капацитетот на една средина да произведе ресурси и да абсорбира отпад; на пример биомаса како: остатоци од исечени шуми, посеви, плантажи после жнеење на пченка, пченица и други биоразградливи природни култури-материјали за рециклирање. Кога еколошкиот отисок на одредена средина-околина ја преминува границата на својот биокапацитет, тогаш настанува еколошки дефицит.…
Според вградените елементи (панели, батерии, електроника, мотори итн.) се смета за најнапреден соларен авион, кодно имануван Соларен имплус; двочасовниот лет е припрема за подолгиот лет кој соларниот авион ќе го има во мај над планинските масиви на Америка. Според планот, авионот ќе „одмори“ во Феникс, Далас, Вашингтон и Њу Јорк…
Полначот SOBEM-SCAME со системот PULSE е инсталиран од компанијата THEPAULT на паркинг на Auchan SEMECOURT во Април 2013 и овозможува бројни погодности. Овој терминал обезбедува полнење на било кое електрично возило, вклучително и Рено ЗОЕ, за кое пишувавме, но и за други електрични коли. Тоа е модерен терминал кој може…
Еден вид палета од можни форми на електромобилот, погледнете: Во иднина се надеваме дека овие видеа ќе имаат придружен превод на македонски.