Press "Enter" to skip to content

(настан) Електричен полигон 4

Традиционално Електромобилност Македонија преку настанот Електричен полигон по четвртти пат продолжува со едукација за основци и средношколци за електричните возила и нивното значење, како дел од глобалниот настан „Европска недела на мобилност“ кој оваа година се спроведува под мотото “Споделувањето те движи напред“.

Настанот ќе се одржи на 19 септември 2017 година (вторник) на кампусот технички факултети –  Факултетот за електротехника и информациски технологии и Машинскиот факултет, со почеток од 10:00 часот и ќе трае до 12:00 часот.

Електричниот полигон се спроведува во соработка со Секторот за заштита на животната средина и природата во рамки на Град Скопје а покрај волонтерите од Електромобилност Македонија ќе бидат вклучени средни и основни училишта од општина Карпош, ЈП Градски паркинзи и други поддржувачи.

Во рамки на настанот ќе има едукативна сесија за електричните возила преку која учениците ќе се запознаат со трендовите во мобилноста со осврт на свесноста за зачувување на животната средина, а воедно и одблизу да се запознаат со повеќе типови на електрични возила (електричен автомобил, електричен скутер, е-велосипед, мали електрични возила, полнач за електромобили, конвертирано електрично возило како и електричен картинг конструиран од страна на студенитете и професорите при ФЕИТ).

Ги покануваме сите вљубеници во новите технологии на мобилноста да бидат дел од овој едукативен настан, да се дружиме со електричните возила, да ја подигнеме јавната свест и заеднички да придонесеме кон зашитата на животната средина и намалување на загадувањето. Сите сопственици и љубители на електрични возила се охрабрени и добредојдени.

На следниот линк може да го превземете флаерот подготвен за настанот Електричен полигон 4: Electric polygon 4 – 09.2017 Flaer

Подолу може да ги видите сликите од овогодинешниот настан.

Сите фотографии можете да ги видите на вашата и наша ФБ страна за електрични возила.

Им благодариме на сите кои беа дел од настанот!

Mission News Theme by Compete Themes.