Press "Enter" to skip to content

(настан) Е-полигон #5 и Е-конвој #1

комбо

Електромобилност Македонија во соработка со Град Скопје како дел од „Европската недела на мобилност“ под мото „Комбинирај и движи се“ на 20 септември 2018 година (четврток) на кампусот технички факултети – Факултетот за електротехника и информациски технологии и Машинскиот факултет – Скопје, со почеток од 10:00 часот организира „Електричен полигон 5“ и „Електричен конвој.“

Е-полигон е едукативен час за ученици од основни и средни училишта со тема електрични и хибридни возила и загадување.
Почеток на е-полигон #5 во 10:00 часот.
ФОТОГРАФИИ од Е-полигон5 на ФБ

Возилата присутни на е-полигон ќе се придвижат како Е-конвој од кампусот факултети низ централното градско подрачје по дефинирана траса.
Движење на е-конвој #1 во 12:00 часот.
ВИДЕО од возење во конвој

Ги повикуваме сите сопственици на електрични и хибридни возила од сите рангови, имено, е-тротинет, е-велосипед, е-картинг, е-цикли, е-мобил, е-пикап, е-бус, други, да се вклучат во е-кампањата за видливост на електричните и хибридни возила во македонското општество, без оглед дали возилата се во сопственост на приватни физички субјекти или правни лица, јавни претпријатија, корпоративни возила, други.

Ве очекуваме!
Рути на движење.
Рута 1 за е-тротинет, е-картинг, е-вело.
Рута 2 за е-мобил, е-бус, хибрид, плаг-ин возила.

Медиуми се поканети и на двата настани.

Покрај Град Скопје, поддршка на настанот како и излагања со апарати и возила ќе имаат: ЕВН, Телеком, Toyota Авто Центар, Прокредит Банка, Фибернет М-К, ЈП Паркинзи, ЈСП, ФЕИТ, МФС, иноватори и ентузијасти поддржувачи за Е-мобилност Македонија.

патека на движење на електрични и плаг-ин возила низ градски улици е-конвој #1
патека на движење на електрични плаг-ин хибридни возила низ градски улици е-конвој #1

Линк GPRS мапа од јавна инфраструктура на полначи.

GPS координати на станици за полнење
GPS координати на станици за полнење
Mission News Theme by Compete Themes.