Дизајн на иднина со електрифициран транспорт и електрични возила во цел спектар во Македонија.
Визија
Креираме простор за иноватори, колеги и ентузијасти со технички бекграунд и по граѓанска линија. Сакаме да го водиме и развиваме концептот за електрификација на транспортот во Македонија преку дискусии и форуми, во кои ќе бидат вклучени универзитети и институти, индустријата за возила, електро-машински компании како и компанииите кои се занимаваат со производство на електрична енергија, сè до политиката; Сакаме да ги организираме сите заинтересирани страни со конкретни активности во насока на дизајн, проектирање, производство, едукација, друго.
Програма
Организацијата за електрични возила во Македонија, предлага програма којашто произлегува од принципот за градење на регенеративна иднина со електрични возила, со цел намалување на емисиите на ЦО2 и создавање на поддршка за соработка преку интеграција на македонската индустрија со истражувачки и образовни институции од Македонија и надвор од Македонија од областа на право, развој, производство, сервис и одржување, транспорт, дистрибуција на енергијата, енергенси, електрични, хибридни, плаг-ин хибридни, водородни, автономни и шински електричини возила и тн. Целта на здружението е да го прикаже во јавноста можностите за електрична мобилност со сродните дејности и да го истакнува општественото и персонално значење како урбан и модерен начин на формирање култура.
Настани
Организацијата предвидува месечни, периодични и годишни активности.
Како периодични активности ќе се организираат семинари, симпозиуми, работилници и конкурси, како и екскурзии за едукација.
Како тромесечни активности ќе се организираат стручни форуми, дебати и предавања и истите ќе бидат посветени не само на стручната, туку на целокупната јавност како отворени културно–образовни активности.
Годишните активности се предвидени како континуирана активност на организацијата со цел формирање на значајна меѓународна конференција за електрични возила којашто ќе ја има истата цел со целите на организацијата и ќе биде препознатлив простор за отворена двонасочна комуникација со јавноста.
Сите настани ќе ги промовираме во медиумите.
Сите активности ќе бидат непосредни, отворени и едноставни како начин на комуникација на организацијата.
Со цел одржување на Е-мобилната дејност и мисла во Македонија на високо ниво, организацијата ќе соработува со интернационални еквивалентни организации од ваков тип, како и со универзитети, компании и поединци афирмирани во оваа дејност како: AVERE, EEO, DEVS, BAEPS, и други.
Транспарентност
При остварување на своите активности Здружението ќе се стреми кон отвореност во работата којашто ќе се обезбеди преку редовно одржување на веб страна и широк пристап до интернет мрежата, контакти со класичните медиуми, издавање на брошури и флаери, како и дигитални форми за информирање на јавноста и целните групи.
Според бројни студии, до 2020, 10 проценти од сите возила ќе бидат електромобили, а доколку се задржи тој тренд, до 2030, на патиштата и надвор од патиштата до 40 проценти од сите возила би можеле да бидат електромобили и хибридни возила со оглед на напредните технологии и иновации и генералниот правец на електромобилните индустрии. Поради трендот во Е-мобилноста, освен научни настани и семинари, тренинзи, итн. предлагаме:
УСВОЈУВАЊЕ НА
Стратегија за електрична мобилност во Македонија
Првиот чекор е усвојување на Декларација која ќе биде презентирана и усвоена на Меѓународната Конференцијата за Електромобилност која ќе се одржи на 27 Јуни 2013 каде што ќе формираме ФОРУМ кој ќе работи во наредните 6 месеци по конференцијата во чиј состав ќе влезат истакнати личности од областа со кои ќе го концептуализираме патоказот за дефинирање на Е-мобилност Македонија;
Организацијата за електрични возила во соработка со Електротехничкиот и Машинскиот факултет, како и Финки, Технолошко-металуршкиот факултет, Институтот за напредни композити и роботика при Микросам како и институтите од техничките сродни факултети од Природно-математичкиот факултет и Институтот за хемија и други заинтересирани факултети и институти, бара да се направи план за добивање на најефектниот комплет електромотор-батерии-контролери како патоказ за производство или поддршка за производство преку дизајнирање на елементите од електричните возила, во втор ред и производство на полначи, преобразувачи дц-дц ац-ац, исправувачи ац-дц инвертори дц-ац и варијанти со енергетска електроника и тн. како и кабелска конфекција за еднонасочна и наизменична струја, шасија и останати делови за електрични возила, тркала, склопки, стакла, внатрешност на возила, комплетен и најефективен сет за производство на електрично возило; како и стандардизација.
Потребно е да се направат мултидисциплинарни дипломски теми од различни нивоа на областа, магистратури и докторати. Бараме од владата да распише конкурс за акредитирани програми за обука на специјалисти за техничари и монтери на електрични возила, како и програми за размена со универзитети надвор од Македонија за студенти за додипломски и последипломски студии, како и докторски и последокторски студии; меѓу најинтересните за размена би биле производители на електрични возила во широк спектар од шински и велчни возила до електромобили од низок ранг како тротинети, хибридни и плаг-ин возила, но и автомото компании коишто произведуваат специјализирани коли за трки, како и производителите на специјализирани делови за електрични возила, но и компаниите кои се занимаваат со производство на трактори, комбајни, производители на камиони за дистрибуција, како и авиоиндустрија, off-road возила за затворени простори како аеродроми, трговски центри и тн.
Бараме од ЗЕЛС да се потпише договор со нашата организација во којашто прецизно ќе се дефинира спроведување на пилот програми за индустрии поврзани со транспорт во делот со електрични возила.
За автомобилите, потребно е да се разгледува регулативата која ќе ја олесни инсталацијата на пунктови за полнење за електромобили. Според пилот проектот понатаму идејата би се ширела на клучни коридори север-југ, исток-запад кон соседните земји. Тука би можеле да помогнат ЕВН, ЕЛЕМ, Тето-исток, компаниите кои имаат бензински пумпи или мотели-хотели на патиштата каде иницијално би се инсталирале полначите, како и бизнис секторот во смисла на производство на делови од електроиндустријата (електромотори, преобразувачи, кондензатори, батерии и тн.).
Бараме од бизнис секторот да формира група која би направила акционерско кооперативно друштво кое би дизајнирало и произведувало елементи за инфраструктурата на електромобилите како и делови за електрични возила, во која директно ќе биде вклучена невладината организација за електромобилност со свои експерти од Македонија и надвор од Македонија.
Организацијата за електрични возила може да им помогне на заинтересираните компании кои се занимаваат со производство на делови за индустријата за електрични возила, за да се основаат инкубатори за развој, како двигатели на компаниите за иновација и креативни решенија. Инкубаторите за развој ќе соработуваат со сите страни кои се заинтересирани.
Организацијата ќе биде спојка меѓу ентузијасти, инженери и техничари, наука и јавноста со државата. Потребно е според тоа организирање на ентузијасти и инженери во организацијата ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА, коишто со универзитетски институти и соодветни министерства ќе формираат совет кој ќе се состанува еднаш во 4 до 6 месеци.
Потребно е да се стимулира купувањето на електрични возила од различни рангови, е-точаци, е-скутери, е-мобили, е-трактори, е-дистрибутивни камиончиња, он и оф-роуд, итн. потребно е субвенционирање во изведба и дизајн, како и купување на електромобили од различен ранг, но долгорочно Македонија мора да се вклучи во производство на делови во индустријата за електрични возила, но и електромобили.
Потребна е формирање на работни групи за усвојување на закони како и нивно имплементирање за регенеративна електровлечна мобилност во што директно може да помогне Е-мобилност.
Стандардизацијата може да оди преку соодветните министерства во државата и преку обука на кадри на факултетите преку директна соработка со невладината организација. Потребно е следење на европските директиви, документи и политики, како и следење на стандардите од електромобилната индустрија во ЕУ и надвор од ЕУ.
Овој тип на сложена програма со бројни варијанти и временски непознати може да се одвива под капа на државата Македонија со принципиелна партнерска директна помош од организацијата за Е-мобилност, при што ќе бидат синхронизирани сите процеси во науката, образованието, обуката, бизнисот, невладината организација, поединците, а крајната цел би била да се намали зависноста од фосилни горива и скапите енергенси, при што домашното производство на делови за електромобилната индустрија и електромобили како и еколошките критериуми и минимум отисок од цо2 ќе имаат предност пред уништувањето на ресурсите и девастирањето на планетата.
fb техничко-општествен форум: Oрганизација за електрични возила во Македонија | Macedonian EV Organization
fb страна: Трамвај наречен стварност
fb страна: Lightweight electric vehicles association Macedonia
fb официјална страна: MEVO
instagram шинска тракција: MEVO
instagram tramway traction: TRAMWAY SKOPJE
youtube (предавања+медиуми): ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА
LinkedIn : Е-мобилност Македонија
twitter: MacedonianEVOrg
LinkedIn профил: ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА
Mixcloud радио интервју записи: alien in transit
……………………………………
соработници:
LinkedIn: Минанов Кирил
LinkedIn: Елена Јаневска
LinkedIn: Крум Георгиев
FB: #ружица
LinkedIn: Митко Толев
LinkedIn: Кире Минан
LinkedIn: Виктор Донски
LinkedIn: Анета Гулева
FB: miki
LinkedIn: Марјан Матевски
LinkedIn: Владимир Петков
FB: Миро Стојчевски
FB: Христо Дума
LinkedIn: Кире Барбутов
FB: Игор Мишевски
LinkedIn: Петре Ристески
LinkedIn: Виктор Хаџи Василев
LinkedIn: Јован Цоклески
LinkedIn: Сашко Николовски
LinkedIn: Антонио Димовски
LinkedIn: Крумислав Барзов
LinkedIn: Ivan Skrlec
FB: dr. Samo Božič
…………………………………..
Be First to Comment