Press "Enter" to skip to content

Опис на загадувачки супстанци | Сулфур диоксид | SO2

SO2 е задушлив гас со остар мирис, кој се формира со согорување на материјали кои содржат сулфур. Тој претставува гас кој, при вообичаени концентрации на амбиентниот воздух, може да реагира со влажноста во воздухот формирајќи сулфурна киселина. При согорување на гориво кое содржи сулфур, сулфурот оксидира во SO2 дополнително реагирајќи со останатите загадувачки сусптанции, на тој начин создавајќи аеросоли. Во течна форма може да се најде во облаците, маглата, дождот, аеросолите и на површината на честичките. SO2 исто така е и главен прекурзор на PM2.5. Сулфур диоксидот воглавно се формира со согорување на јаглен, особено во инсталациите за производство на електрична енергија. Оваа загадувачка супстанција се ослободува при индустриски процеси во топилници, рафинерии на нафта, индустрии за преработка на хартија и целуцоза, индустријата за метали како и во транспортот.

Високи концентрации на оваа загадувачка супстанција, во вид на кисели дождови, им пречат на популацииите и јатата риби во реките и езерата и имаат лошо влијание на почвата во шумите. Исто така предизвикува големи штети на екосистемите, вклучувајќи и деградација на хлорофилот, намалување на фотосинтезата и на промени во метаболизмот на протеините. Таложењето на загадувачките супстанции од емисиите на сулфур диоксид, предизвикуваат закиселување на почвата и водите и губиток на биодиверзитетот, многу често на места на огромна оддалеченост од оригиналната емисија.

Mission News Theme by Compete Themes.