Press "Enter" to skip to content

(download) Примена на ел. возила за регулација на фреквенцијата на микро-мрежа | MAKO CIGRE 2017 C6-097R | Димовски, Чундева

ПРИМЕНА НА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА ЗА РЕГУЛАЦИЈА НА ФРЕКВЕНЦИЈАТА НА МИКРО-МРЕЖА

КУСА СОДРЖИНА

Во модерните електрични мрежи, електричните возила (ЕВ) и хибридните електрични возила со приклучок (ХЕВП) имаат двојна улога: како потрошувачи и како уреди за складирање на енергија. Во периодите кога електричните возила се паркирани и приклучени на електричната мрежа, се овозможува нивно дејствување како квалификувани потрошувачи во т.н. режим возило-во-мрежа, со што покрај можноста за контролирано полнење, возилата имаат можност дел од складираната енергија во батериите да ја предадат во мрежата. Со примена на режимот возило-во-мрежа ЕВ и ХЕВП може да обезбедат помошни услуги во мрежата во која се приклучени. Целта на овој труд е да се презентира улогата на режимот возило-во-мрежа искористен за регулација на фреквенцијата на микро-мрежа што работи во островски режим. Микро-мрежата се состои од конвенционално производство, производство од ОИЕ, резидентна област која го претставува оптоварувањето и агрегатор на ЕВ и ХЕВП. За анализа на концептот возило-кон-мрежа изведени се симулациски резултати.

Клучни зборови: електрично возило, возило-во-мрежа, регулација на фреквенција, микро- мрежа.

Автори: Александар Димовски, Снежана Чундева; Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Факултет за електротехника и информациски технологии, Скопје, Македонија

Линк: ТРУДОТ e објавен на советување на СИГРЕ Македонија.

Mission News Theme by Compete Themes.