Растечкиот обем на сообраќај е идентификуван како главна причина за зголемената загаденост на воздухот, што од своја страна предизвикува широк опсег на еколошки, социјални и економски проблеми во европските градови. Со оглед на тоа што мобилноста е од витално значење за нашиот живот, сите предвидувања одат во насока на натамошен пораст на сообраќајот. Бројните технички решенија не можат да ги решат овие проблеми сами по себе, туку е неопходно да се развијат и нови начини на одржлива мобилност за да се постигне промена во моделите на дневната мобилност на европските граѓани. Таквите промени би можеле да се постигнат преку:
1. Поддржување на алтернативни и еколошки одржливи модели на транспорт;
2. Зголемување на свесноста за влијанијата од избраниот модел на транспорт врз квалитетот на животната средина;
3. Промовирање на општествената прифатливост на променетите системи на мобилност.
Линк: Ден без автомобили или во иднина: Недела на електрични возила
Во ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ ја поддржуваме акцијата на Министерството за екологијa и просторно планирање и предлагаме денот без автомобили да се прошири, на недела на електровозила, за што е потребно вклучување на НВО ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ со свои предлози.