Во хотелот „КОНТИНЕНТАЛ“ во Скопје, во вторник на 22 март 2016, ќе се одржи првиот технички напреден семинар на тема „Најнови технологии за громобранска заштита“. Семинарот е поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој на Република Македонија и од Комората на овластени архитекти и инженери на Република Македонија. Организатор на семинарот е компанијата ДАРИС инженеринг, која е во сопственост на м-р Петре Ристески дипл.ел.инж.
Му честитаме на Петре Ристески, кој е меѓудругото и добитник на 3 први награди на МАКИНОВА.
Планирано е семинарот свечено да го отвори Деканот на факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје, Проф Д-р Миле Станковски. Предавачи на семинарот ќе бидат врвни експерти од областа на громобранската заштита и заземјување. На семинарот ќе земат учество еминентни електротехнички инженери од Република Македонија и околните земји, претставници на државни инспекторати, технички здруженија и други.
Терминот за пријавување на учесниците е во периодот од 10:00 до 10:45 часот. Почетокот на семинарот е закажан за 11:00 часот.
Агенда на семинарот:
10.00 – 11.00 Пријавување на учесниците
11.10 – 11.15 Свечено отворање на семинарот
11.15 – 11.45 Општо за молњата и заштитата од молња (громобранска заштита)
11.45 – 12.15 Громобранско заземјување
12.30 – 12.45 Кафе-пауза
12.45 – 13.30 Постоечки и најнови технологии на громобрански фаќачи
13.30 – 13.40 Презентирање на осигурителните поволности
13.30 – 13.45 VedaCAD – софтверски пакет за проектирање громобрански инсталации
13.45 – 14.20 Дискусија
14.20 – 15.00 Пригоден коктел
Kонтакт од м-р Петре Ристески дипл.ел.инж. daris@daris.mk
Соопштение за јавност од ДАРИС инженеринг
Презентации од семинарот, со теорија и истражувања, најдобри практики, стандарди итн. од наставничкиот кадар при ФЕИТ, од професор Димчев и од асистент м-р Благоја Марковски: Презентација заземјувачи 1 како и Презентација заземјувачи 2.