Пешаци кои често ја користат патеката Етно село – Крстовар којашто почнува од поранешното Македонско Село велат дека често пати долж патеката којашто минува низ пошумен предел богат со бреза, даб, габер, бор и смрека, среќаваат лисици, зајаци, верверички, но во тој предел има и диви свињи. Но, по патеката нема извори или чешми со вода, па можно е Лиска поради жед и храна често да се симнува во урбаниот дел на Горно Нерези.
–МИ КАЖАА ДЕКА ЧЕСТО БИЛА ПРЕД ИЛИ ОКОЛУ ПАНТЕЛЕЈМОН, ЛУЃЕ ЈА ХРАНЕЛЕ. СЕ СИМНАВ ОД ВЕЛОСИПЕДОТ ДА ЈА СЛИКАМ, А КОГА ГО ИЗВАДИВ ТЕЛЕФОНОТ МИ СЕ ПРИБЛИЖИ, МИСЛЕШЕ ДЕКА ВАДАМ ХРАНА – кажува ПЛАВЕВСКИ.