Press "Enter" to skip to content

Трансформација на бензиска пумпа во фотоволтаичен паркинг со електрополначи

Браун-филд инвестиција или користење на стара бензинска пумпа која би ја трансформирале во современа фотоволтаична станица зa полнење на електрични возила. Интересна е идејата да се искористат стари објекти и да се обноват со фотоволтаици и електрополначи и да се вклучат на електроенергетската мрежа. Според сликата, иако не мораме да се ограничиме на неа и према тоа овој тип на објект може да биде скалабилно направен според потребите на соодветното место, во исто време би можеле да се полнат од 5 до 25 коли, а исто така тука би биле инсталирани и супербрзи полначи за е-возила кои имаат соодветни капацитетит за тоа.

Charging station on photovoltaic instalations
Charging station on photovoltaic instalations

Ако сакаме да ги гледаме градовите низ Македонија како еколошки и прогресивни, тогаш на мапата на проекти и планови на урбаните општини, потребно е да се проектираат визионерски типови на инфраструктурни објекти, но рековме од веќе постоечки стари објекти. Во објектите може да има и придружни локални сервиси како кафе-шопови итн. Сепак, проекти од овој тип мораат да одат со субвенции и грантови и енергијата од колекторите во прво време би можела да се враќа назад во електроенергетската мрежа, но на долги патеки овој тип на проекти би бил само-одржлив поради обновливоста на соларна енергија.

 

Mission News Theme by Compete Themes.