Press "Enter" to skip to content

Втора генерација на електричниот Волво C30

Volvo C30 plugged-in
Volvo C30 plugged-in

Реалноста говори дека електричните коли можат да се полнат со електрицитет од нула до полн капацитет брзо како и машините на бензин. Е-колите во продажба денес можат лесно да возат од 100 до 150 километри со комплетното трошење на батерии и можат да се преполнуваат преку ноќ и тука тоа е предност. Иако, најголем дел од полнењето на електричните коли би било преку ноќ, сепак повремено тоа ќе биде потребно и преку ден. Со рапидните полначи на права струја (DC) можно е со добрата конфигурација на колата и правиот тип на полнач и електромотор да ги наполните батериите за 30 минути. Во Волво веќе се работи на оптимизирање на втората генерација од електричниот Волво C30. Почнат како пилот проект во 2009, флотите на Волво веќе им овозможуваат на своите клиенти низ Европа да поминат илјадници милји и да ги испробаат бенефитите од нивниот модел. Сепак, арктичките услови во Шведска се малку поразлични, а тоа може да ги намали перформансите кога се работи за батериите, но со Швеѓаните ништо не е оставено на случај.

Volvo C30-electric
Volvo C30-electric

Во случајот со C30 електромоторот е поснажен и енергетската електроника има подобрени карактеристики која е резултат од директната соработка на Волво со Сименс, иако батерискиот пакет е ист во прилог со дизајнерските елементи и приказната со арктичките услови кои бараат посебни спецификации во таа смисла. Тоа што е различно, но, е електрополначот кој беше 3.3 киловатен on-board, а сегашниот модел во C30 има 22 киловатен on-board електрополнач од Швајцарската компанија Brusa. Со правата полначка станица, према тоа, батериите од 30% до 100% можат да се преполнат и до 90 минути.

Но што е со конкурентите како Nissan LEAF, Citroen C-Zero, Mitsubishi i-Miev, Peugeot iOn и Renault ZOE кои можат да ги полнат батериите далеку побрзо? Првите 4 можат да ги полнат батериите до 80% за 30 минути, но со соодветна 50 киловатна CHAdeMO direct-current полначка станица. Рено Зое може да направи нешто слично со 43 киловатна, брза, но внимавајте AC (alternating current) полначка станица. Но, воедно и DC и AC брзите решенија вградени во колите имаат потреба од скапи, надворешни електрополначки станици кои оперираат со 400 волти, како три-фазни со 64 до 125 ампера за да ја наполнат колата до 30 минути. Според енергијата која овие станици ќе влечат од системот, овие станици се во овој момент во принцип комплицирани и скапи за инсталација.

Volvo-C30 еlectric on-the-road
Volvo-C30 еlectric on-the-road

Пониските во киловати полначки станици како 22 киловатните, три-фазни тип 2 (Mennenkes – види слики долу) кои можат да се најдат на многу локации низ Европа се далеку поефтини да се направат и инсталираат. Поефтино, сепак значи дека е можно да имаме повеќе од нив, со што не само што се зголемува редундансата, туку значи и промена на локацијата ако е зафатена или ако нешто не е во ред. Како Рено ЗОЕ – кое може да се преполнува со 22 киловата со употреба на тип 2 станицата спомната во претходниот пасус исто како и со поскапите наизменични брзо полначки станици – прототипот на Волво C30 е комплетно флексибилен кога се работи за полнењето.

CCS-Universal EV
CCS-Universal EV

Може да го „храните“ на 240 волти и 16 ампери едно-фазен приклучок од регуларниот домашен штекер со што полнењето ќе заврши за 8 часа. Ако му „пуштите“  240 волтажна 32 амперски еднофазен приклучок ќе се наполни за 4 часа. Три-фазното 11 киловатно полнење би требало да трае 2.5 часа до некои 90%, додека со 22 киловатна станица тоа ќе биде направено за 90 минути. И сето ова без да промените ниту еден кабел, ниту конектор. (прегледај ги сликите и побарај ги стандардите најдолу во линковите како помош при истражување, како и текстот за стандардите за брзо полнење за кој пишувавме, тука)

Mennekens type 2
Mennekens type 2

Карактеристиките за возење на C30 се феноменални, но уште некое време нема да го видиме во продажба, тоа е позицијата на Волво, да покаже дека има кола, но која нема да ја носи на пазарот. Но, демонстрацијата со конекторскиот и електрополначкиот систем и за еднонасочна и наизменична струја како и еднофазни/трофазни системи, сепак покажува дека технологијата е тука и тоа е добро за генералниот правец на електричните возила.

Скапите еднонасочни и наизменични брзи полначи до 50 киловати, им овозможуваат на 22 киловатните станици да обезбедат одредена флексибилност ако патувате подолго, со што можете да преполнувате ако има соодветен три-фазен извор. Најголем број од местата како кафешоповите, рестораните, местата за пауза во кои има бензински пумпи итн. имаат три-фазни штекери така што ако зборуваме за компромиси без преголемо преврзување на конекторскиот и полначкиот систем, ова решение со 22 киловатна станица, можеби е најсолидно во овој момент. Така што, борбата кај електричните возила е на повеќе нивоа, а едно од нив се конекторите во самото електровозило како и полначката станица која би била на еднонасочен или трифазен стандард.

Combined-Charging-System-plug
Combined-Charging-System-plug

За истражување, стандарди: IEC_62196; SAE_J1772

Извор: volvo.com

Mission News Theme by Compete Themes.