Тесла Моторс вети дека ќе го зголеми бројот на станици за брзо полнење во Америка и Канада за да се овозможи крос-кантри возење и тоа до крајот на наредната година. Елон Маск објави дека ќе го триплира бројот на станици за полнење до бројка од 100 со што ќе се овозможи да се поврзат Лос Анџелес и Њу Јорк како и дел од канадските метрополи. Развојот на брзите полначи е завршен, останува да се произведат полначите, што во некоја смисла нема да претставува проблем кога веќе иновациите се направени.
Мрежата од супер-брзи полначи ќе им овозможи на сопствениците на Тесла Модел С седанот од 70.000 долари, да патуваат од Лос Анџелес до Њу Јорк најверојатно до крајот на наредната зима и нормално да прават други долги патувања. Со Модел-от С може да се патува околу 320 километри или околу три часа со полни батерии. Со мрежата која е планирана, преполнувањето ќе биде овозможено за 20 до 30 минути.
Овие полначи се за десетина пати побрзи за разлика од моменталните јавно достапни поначи, може да се прочита на веб страната на Тесла. Во овој момент Тесла има осум супербрзи станици во Калифорнија и на Источниот брег. Планот е да се додадат уште четири во Калифорнија до крајот на летото. Но, идејата е да се додадат станици за до Ванкувер, Британска Колумбија, Сиетл и Портланд, како и во Остин, Тексас, Далас. Понатаму на мапата ширењето ќе продолжи кон Илиноис и Колорадо.
Елон Маск исто така објави дека за сопствениците на Модел-от С, полнењето со електрична енергија на овие станици секогаш ќе биде бесплатно. Бидејќи има две верзии на батериски пакети за Модел С, ова се однесува на моделот во кој батеријата е поголема, така што за сопствениците со помал батериски пакет електричната енергија ќе се плаќа.
Елон Маск најави дека годишно планираат да продаваат околу 20.000 електромобили, но исто така најави и поголема лепеза на модели кои би биле интересни за мејнстрим корисниците кои патуваат во пошироки региони и помеѓу американските држави. Сопред Маск, сопствениците на електромобилите сакаат да бидат сигурни дека ќе имаат можност и слобода да ги користат е-колите без да се грижат за дополнителните проблеми како полнењето на батериите и достапноста на станиците.
До 2014 Елон Маск најави дека 80 проценти од Американците и Канаѓаните ќе имаат пристап до брзите полначки станици и 98 проценти до 2015. И уште една новост, Тесла Моторс прави супер-брз полнач кој е во тестна фаза кој ќе ги преполнува батериите за 20 минути до полн капацитет и најверојатно таквата станица да се појави на улиците низ Америка до крајот на летото од 2013.
huffingtonpost.com