Како здружение на граѓани ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ на нашиот и-меил info@elektromobilnost.mk добивме покана за учество на прва трибина во град Скопје околу Е-мобилноста. Се работи за прва трибина во град Скопје од овој вид, која е дел од активностите и проектот во кој е вклучен градот Скопје со повеќе градови низ ЕУ, Ele.C.Tra. Повеќе информации за Европскиот проект ‘Ele.C.Tra – Electric City Transport’ и партнерите во проектот можете да најдете на следната веб страна: www.electraproject.eu
Сакаме да помогнеме и поради тоа ќе се вклучиме директно на трибината поради искуството од повеќе од година и пол со активности кои може да ги пратите на порталот овде и на нашиот профил на linkedin.com со повеќе од 300 членови: linkedin: ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА, како и групата на fb: ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА со повеќе од 150 членови.
Дел од поканата: „Во рамките на Европскиот проект Ele.C.Tra – Електричен Градски Транспорт во кој Град Скопје е партнер, кој има за цел подигнување на свеста за менување на навиките, намалување на загадувањето на воздухот и времето за патување, одржлива мобилност, како и можноста да се развијат други иновативни транспортни средства и поттикнување на електромобилноста во градот, предвидено е да се одржи трибина на тема „Електромобилноста во Скопје“. Настанот ќе се одржи на 10ти април 2014 година во големата Сала на Советот (Барака бр.13), бул.Илинден 82, Скопје, во период од 09:30 до 11:30 часот. Би сакале бидете дел од трибината која има за цел промоција на е-мобилноста во Скопје и да се обратите со презентација.“
Како што бевме информирани, нема да биде отворена за јавност, но сепак, Ве каниме како интересенти кои ги следат активностите на НВО Е-мобилност, повелете! Тоа е наша должност!