Press "Enter" to skip to content

(видео) Предавање на Марјан Матевски за заклучоците на студијата АПОЛОНИЈА за Македонски железници

Г-дин Марјан Матевски, дипл. електротехнички инженер, работи 35 години во Македонски железници, така речи целата своја кариера ја минува со проблематиката на железничкиот транспорт, електричен транспорт, електролокомотиви итн. говори за вкупната железничка инфраструктура и електрификација на железницата во Македонија, PERI мрежата, инстралираниот оптички кабел од околу 300 километри по трасите низ Македонија, возниот парк на македонските железници, снагата и моќта на четириосовинските и шестосовинските локомотиви, бројот на патници со железница, индустриски транспорт со железницата, трансевропски коридори итн.

Г-дин Матевски е особено значаен познавач на состојбите и бројките во Македонските железници, врз основа на кои може да се говори за идеите за развој на железницата како еден од најбитните сегменти од инфраструктурата на Македонија, особено што инвестирањето во електричен транспорт и електролокомотиви, како и ре-електрификација и поврзување на сите железнички правци низ Македонија е неправедно запоставено, за разлика од патиштата и автопатиштата низ Македонија кои имаат примат, а тоа би сакале да видиме да се промени и железницата да стане главен простор за идно инвестирање како индустриски и јавен транспорт и особено битно, тоа за што во ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ се залагаме, ре-електрификацијата на Македонија да го добие своето вистинско место, како електроинфраструктура за електрични возила од калибарот на електровозови, трамваи итн. и конечно, електрични возила од сите калибри за полесен и брз пристап до електроенергетската мрежа за напојување. download презентација 3_Матевски МЖ

Фантастично предавање, особено за инженерските кадри од сите дисциплини. Во иднина ќе се обидеме како организација да направиме работилница, исклучиво за железнички електротранспорт.

Mission News Theme by Compete Themes.