На иницијатива на Електромобилност Македонија во соработка со Машинскиот и Електротехничкиот факултет како и секторот за Екологија при град Скопје, училиштата во општина Карпош, општина Карпош и ЈП Градски паркинзи на 19 септември 2014 со почеток од 11:00 часот на кампусот на електро-машински ќе биде организиран настан како тест околина „Електричен полигон“ како дел од глобалниот настан „Европска недела на мобилноста”, на која ќе земат учество 50-тина деца.
Во рамки на настанот ќе има едукативна сесија за електричните возила преку која младите ќе се запознаат со трендовите во мобилноста со осврт на свесноста за зачувување на животната средина. Учениците ќе можат да ги возат возилата кои ќе бидат на полигонот-паркинг на кампусот како електрични велосипеди, електрични скутери и мали електрични возила.
Ги повикуваме граѓаните на Македонија да се вклучат во иницијатива „Европска недела на мобилноста“ и да ги остават своите возила во наредните неколку дена, особено на 22 септември 2014 кога е предвидено да се одбележи настанот „Ден без автомобили” во кој активно учество ќе земат членовите на Електромобилност Македонија.
Електричниот полигон е предигра и пречек за Тесла конвојот 2014 во организација од ЕМКИЦЕ, ИНСАКО – Саша Добројевиќ, СЕЕУ техонолшкиот парк, ИЛУМИНЕ, чиј предводник ќе биде електричното возило Тесла Модел С, возило кое ќе биде на кампусот на електро-машински после 15 часот. Тимот на НВО Електромобилност Македонија е локален партнер на активностите на Конвојот низ дел од Македонија.