Press "Enter" to skip to content

(настан) Тесла во Скопје 19 септември 2014

Електричниот полигон е предигра и пречек за Тесла конвојот 2014 во организација на ЕМКИЦЕ, ИНСАКО – Саша Добројевиќ, СЕЕУ техонолшкиот парк, ИЛУМИНЕ, чиј предводник ќе биде електричното возило Тесла Модел С, возило кое ќе биде на кампусот на електро-машински после 15 часот. Тимот на НВО Електромобилност Македонија е локален партнер на активностите на Конвојот низ дел од Македонија. Конвојот тргнува од Загреб, преку Белград и Ниш, минува низ Македонија за преку Косово и Албанија и Црна гора да заокружи назад до Загреб.

За 20 септември 2014, Тесла конвојот 2014 ќе продефилира на градскиот плоштад во Скопје со почеток од 10:30 минути на кој ќе бидат изложени и други електрични и хибридни возила.

За 20 септември во 17 часот е предвидено изненадување, за кое ќе информираме соодветно (линк-инфо пост-фестум), вклучете се во настаните!

НВО Електромобилност ги повикува сите заинтересирани граѓани да дојдат и да бидат дел од двата настани на 19 септември, а ден потоа и настанот на плоштадот на град Скопје на 20 септември каде ќе се дружиме.

Воедно ги повикуваме граѓаните на Македонија да се вклучат во иницијативата „Европска недела на мобилноста“ и да ги остават своите возила во наредните неколку дена, особено на 22 септември 2014 кога е предвидено да се одбележи настанот „Ден без автомобили” во кој активно учество ќе земат членовите на Електромобилност Македонија.

Mission News Theme by Compete Themes.