Press "Enter" to skip to content

(настан) Проекција на филмот „Who killed the electric car“ и дебата за електричните возила

Дебата на тема електрични возила ќе се одржи во просториите АКСЦ – Автономен Културно Социјален Центар на 2 Октомври со почеток од 19 часот, со претседателот на Електромобилност Македонија, Кирил Минанов. Адреса на АКСЦ, ул. Борка Талески 26, Скопје, и-меил: akscentar@gmail.com. АКСЦ е слободна зона за критичко размислување, дебатирање и активизам. Локација: http://bit.ly/aksc-mapa.

По првата дебата која тимот на Електромобилност Македонија ја одржа во Битола на 5ти август 2014 заедно со екипата на Дебатно кино контра кадар, партнер за втората дебата се нашите пријатели од АКСЦ, при што продолжуваме со идејата да направиме серија на дебати низ Македонија за да се говори за електричните возила како иднина која надоаѓа во која активно треба да се вклучиме.

По проекцијата на филмот „Who killed the electric car“ ќе отвориме дебата за и околу филмот и идејата во Македонија да се направат напори да се постави транспортот со како и самоградба на електричните возила на повеќе платоа со добро осмислени стратегии во кои ќе се вклучат граѓаните, ќе разговараме кои се главните играчи, имено, корпоративниот систем и политиката како и другата страна која е на линија на ентузијастите, еколозите, инженерските и научнички кадри, но и општеството во целост, но ќе говориме и за глобалните трендови во последните дваесет години со акцент на тоа што доаѓа за наредните години.

По дискусијата ќе има презентација на електричен скутер со мотор во задното тркало од 3 киловати, батериски пакет од 2 киловат/часа со системски напон од 48 волти, еквивалтентен на мотор со внатрешно согорување од 50 кубни сантиметри.

Повелете вклучете се, дебатата е отворена за сите заинтересирани!

Повеќе инфо: info@elektromobilnost.mk

 

Mission News Theme by Compete Themes.