На 24 февруари 2015 од 18 часот во Aвтономната зона на кампусот на во амфитеатарот на електромашински ќе се одржи дебата за електрични возила, според програмата за 14 ден од окупацијата:
11:00 – 12:00 – Локален Пленум
14:00 – 18:00 – Работилница за предмети од прва година (Математика 1, Калкулус 1, Програмирање, Електротехника 1, Физика 1)
18:00 – 19:30 – Кирил Минанов – Електромобилност – Дебата за електрични возила
20:00 – DJ Бодан
Ве покануваме да присуствувате особено во дебатниот дел кој би почнал 20 до 25 минути од почетокот на предавањето во амфитеатарот на кампусот на електромашински. Повеќе инфо за ден 14, од 24 февруари 2015 од сите автономни зони низ универзитетот: тука.