Press "Enter" to skip to content

(download) Енергетски извори во електрични и хибридни електрични возила | Милан Даниловски

Ви презентираме нова дипломската работа изработена по предметот Автономни електрични возила од Институтот за електрична влеча (по старо) 🙂 при ФЕИТ од дипломираниот електро инженер Милан Даниловски кај менторката Проф. д-р Снежана Чундева која што ја споделуваме со читателите на порталот на ЕЛМ кое ќе им помогне на мноштво кадри во и вон спектарот електромашинство, а кои се занимаваат со возила, влеча, хибриди и електромобили итн.

дипломски труд
дипломски труд

Го издвојуваме абстрактот од трудот и ве повикуваме со интерес да го прочитате и секако препорачате! Милан можете да го контактирате на: milan_danilovski@hotmail.com. Честито! 🙂

Апстракт

Целта на овој дипломски труд е презентирање и појаснување на енергетските извори кои се користат во електричните и хибридно
електричните возила заедно со нивните предности и недостатоци. Во трудот е обработена архитектурата на електричните и хибридно
електричните возила. Обработени се сериските, паралелните , сериско – паралелните, комплексните и дизел хибридите. Објаснети се главните поими кои ја опишуваат работата на електричните и хибридните возила какви што се, коефициент на хибридизација, рекуперативно кочење, струјни и напонски инвертори, ултра кондензатори, полначи на батерии, и типови на батерии. Еден од начините на напојување кој се почесто почнува да се применува во хибридните електрични возила се горивните ќелии. Обработени се повеќе типови на горивни ќелии, а согласно нивните предности и недостатоци наведено е кои од нив се соодветни за напојување на хибридно електрично возила. На крајот на дипломскиот труд опишан е начинот на користење на замаец како енергетски извор за напојување на хибридно електричните возила.

Клучни зборови: електрично возило, хибридно електрично возило, мотор со внатрешно согорување, електричен мотор, батерии, горивни ќелии

(download) Дипломски труд на дипл. ел. инг. Милан Даниловски | Енергетски извори во електрични и хибридни електрични возила

Kоментар: Во исто време ги повикуваме професорите на факултетите кои се директно и индиректно поврзани во различни димензии со електрични и хибридни возила (хемиски миксови и батерии, енергетска електроника, нисконапонски инсталации, влеча и мотори, дизајн, конструкција на возила, развој на софтвер, истражувања на материјали итн.) да поттикнат натамошно пишување трудови како дипломски, магистерски и докторски трудови од областа како мултидсциплинарно поле, при што повикуваме да не контактирате за во иднина да ги објавуваме документите на порталот кој служи и како ресурсна база за ширење на полето на борба и движење за електрични и хибридни возила.

Mission News Theme by Compete Themes.