Press "Enter" to skip to content

Иницијативи на Електромобилност, за бесплатен паркинг, бесплатни патарини и конверзија на лесни електрични возила до Општина Центар, Совет на Град Скопје, Влада на РМ

Електромобилност Македонија продолжува со своите активности во насока на приближување на електричните возила до граѓаните на нашата држава. Во таа насока се и последните иницијативи до Општина Центар, до Град Скопје, до Влада на РМ, во прилог.

До Општина Центар испративме писмо, архивирано, во коешто бараме овозможување на бесплатни паркинзи за сите електрични и хибридни возила на сите отворени паркинзи и гаражи низ центарот на градот.

До Совет на Град Скопје доставивме писмо, архивирано, во коешто предлагаме иницијатива за субвенционирање при набавка на електрични велосипеди и електрични скутери, преработка во електрични велосипеди и електрични скутери и бесплатни паркинзи за електрични и хибридни возила низ Скопје.
Одговорот од Град Скопје пристигна на 17 септември 2018 година.

До Влада на РМ, до Заменик претседател на Влада на Македонија, Проф. д-р Кочо Анѓушев, испративме писмо (11 септември 2018) во коешто ја освежуваме иницијативата за ослободување од плаќање на патрини за електрични и хибридни возила.
Одговор од Заменик претседател на Влада на Македонија г-дин Анѓушев пристигна на 8 октомври 2018.
Одговор од Јавно претпријатие за државни пратишта пристигна на 9 октомври 2018.

Mission News Theme by Compete Themes.