Press "Enter" to skip to content

Мистериозниот Project Zero | Хеликоптер и авион

Проект ЗЕРО
Проект ЗЕРО

Развиено од Агуста Ветланд, возилото е именувано Project Zero, а компанијата European, која развива хеликоптери. Но не е концепт, поради тоа што веќе се користи како превозно средство, можеби по малку тајно, но сепак. Полетува како хеликоптер и потоа роторите можат да ја променат насоката на млазовите воздух за 90 степени при што хеликоптерот при тоа преминува во авион. Технологијата се нарекува tilt rotor tech. во превод технологија на навалени ротори. Ова не е ниту хеликоптер, ниту авион, но можеби најдобрата комбинација од двете.

Проект ЗЕРО
Проект ЗЕРО

Проектот ЗЕРО е тивок поради тоа што погонот му е на електрицитет и не му е потребна трансмисија, ниту хидрауличен систем. Со оглед на тоа дека електричниот генератор е реверзибилен електричен мотор (грубо кажано), работи како генератор во една и мотор во обратна насока, леталото може при спуштање да генерираенергија без да биде закачено на мрежа.

Проект ЗЕРО
Проект ЗЕРО

Од компанија велат дека е можно инсталирање на дизел мотор, што нам не ни се допаѓа како публика, но исто така и дел крилјата можат да се отстранат со што Project Zero може да се користи исклучиво во хеликоптерески мод.

Извршниот директор на AgustaWestland вели, „Веруваме дека концептот со навалени ротори е иднината на брзите пропелерни летови поради тоа што овозможува поголема брзина и должина отколкт вообичаените хеликоптери.”

Проект ЗЕРО, извор: interestingengineering.com

Mission News Theme by Compete Themes.