Електрично возило (Electric vehicle – EV) претставува возило кое се движи со помош на еден или повеќе електрични мотори, користејќи ја електричната енергија складирана во батерии или друг уред за складирање на енергија. Електромоторите овозможуваат моментален вртеж на електричните автомобили, со што создаваат силно и рамномерно забрзување. Електрични возила може да бидат автомобил, комбе, камион, мотор, скутер и сите други можни транспортни возила.
Батериите на електричните возила може да се полнат при вклучување во специјализирани уреди за полнење кои што може да бидат инсталирани во домашни услови, пред деловните објекти, на јавни паркинзи и катни гаражи, односно секаде каде за тоа има соодветни услови.