Хибридните возила (Hybrid Electric Vehicle – HEV) својата моќ ја добиваат од моторот со внатрешно согорување. Во согласност со потребите возилото може да добие дополнителна енергија од електричниот мотор. Енергијата потребна за работа на електричниот мотор често се генерира во движење, која што потоа се складира во батериите, поради што не е потребно полнење преку надворешни извори на енергија за да може да работи моторот. Електричниот мотор воедно функционира и како генератор која ја претвора енергијата добиена од регенеративното кочење и истата повторно ја складира во батериите.
Хибридните возила може да се возат како електрични на кратки далечини што е доста корисно во рамки на секојдневните урбани и кратки движења. За долгите патувања најголема улога сепак има моторот со внатрешно согорување.