Press "Enter" to skip to content

Хидроенергијата во Маке од годишно производство под 1,5 терават/часа не е искористена ниту 35% од потенцијалот

МОЌ ПРЕТОЧЕНА ВО ЕНЕРГИЈА

Моќта на водата ја преточуваме во енергија. Водата е еден од најисплатливите извори на енергија и претставува најзначаен обновлив енергетски извор во Република Македонија. Хидроелектраните во Република Македонија се акумулациони и проточни, со просечно годишно производство од 1200 GW/h, а вкупната инсталирана моќност изнесува 554 MW, односно 40% од вкупните капацитетите на АД ЕСМ.

Енергијата на водата претставува еден од првите енергенси кој што човекот ги користел во својата историја. Уште од 4-от век пред нашата ера е започнато користењето на енергијата на водата за движење на воденичкото тркало, а подоцна со развојот на науката и техниката започнува и изградбата на првите хидроцентрали (1882 година, на реката Фокс – Висконсин) за производство на електрична енергија. Хидроенергијата е најзначајниот обновлив извор на енергија познат досега. Неговото искористување е поврзано со изградба на значајни градежни објекти, пред се брани и акумулации, односно долги доводни тунели или цевоводи, кои објектите ги прават од една страна скапи за изградба но од друга страна допринесуваат за целокупниот развој на еконoмијата во земјата. Наспроти големата цена на изградбата, годишната експлоатација на објектите и производството на електрична енергија од истите е многу ниско.

Со оглед на ограниченоста на природните ресурси во Република Македонија, искористувањето на хидропотенцијалот е од витално значење за развојот на електроенергетскиот сектор и државата во целост. Просторот во Македонија според конфигурацијата на теренот и климатските услови е предодреден за искористување на проточните води од реките, изградба на брани и формирање на поголеми и помали акумулациии.

Денес, со постојната изграденост на хидроенергетските извори, од технички искористивиот потенцијал се користи само 26,6%.

дополнително слушање – академи каневче – енергетика и хидропотенцијал во маке

обновливи извори на енергија м-р драган митановски

извор ЕСМ

Mission News Theme by Compete Themes.