Неспособност, неписменост, неотесаност, тоа се зборовите со коишто може да се опише КАТАСТРОФАТА во којашто „плива“ Македонија, на раб на пропаст во енергетска катастрофа, при што на клучни позиции се партиски луѓе коишто немаат системско знаење за да водат електроенергетски систем, во прв ред Министерот за Економија – Бектеши, директорот на МЕПСО – Куштрим Рамадани, директорот на ЕСМ – Ковачевски. Но, веројатно не се само они, тука генерално е и комплетната Влада на Република Македонија. Одвратноста оди до таму што имаме фабрики за производство на електрична енергија коишто се проектирани, дизајнирани, инсталирани, одржувани и управувани со сериозни повеќегодишни планирања во време на Социјалистичка Република Македонија, но сегашните неолиберални капиталистички дилетанти имаат план да ги задолжат компаниите, за потоа низ процес како во деведесетите како загубари да ги продадат за 1 евро на белосветска стока…
За сето ова, оставки се малку, ова е за кривична одговорност!