Како своевидна анти-кризна кола, новото симпатично концепт количе на батерии на Тојота, ако ништо друго е визионерско. Развиено со француски дизајнер, Жан Мари Масуд, новото Toyota Me.We е со идеја да се премостат сегашните економски, хумани и еклошки предизвици со кои е соочен денешниот транспорт. Овој супермини концепт е еден вид анти-стрес возило кое е фокусирано на минимален дизајн со користење на лимитиран ресурси и користење на обновливи алтернативи. Слично како и iQ EV со 3, 4 метра се работи за in-wheel електрично возило кое имаше свое деби во Женева. Адаптабилно, мало, симпатично, Toyota Me.We во Тојота велат дека моделот може да се користи како пик-ап, оф-роуд количе, мала урбана кола, така-речи сето тоа во едно. Има литиум-јонски батерии, кои се во подот на возилото. Телото на количето има место за четворица, иако задниот дел може да се склопи и да направи простор за повеќе карго.
iQ EV видео:
Во сегашното смартфон време, лошо е да се дуплира технологијата и во кола, така што дизајнерот Масуд има визија, смартфоновите да бидат вметнати во самото возило каде што преку интерфејс со колата ќе бидат разменувани сите битни информации како брзина, полнење-празнење на батериите, информација за должината на патот, џи-пи-ес инфо, температура во колата и разни други работи кои би можеле да си ги замислите.
Конструкцијаta e од бамбус. Телото на количето е направено од микс на алуминиум и полипропиленски панели, при што колата тежи околу 750 килограми, што е во просек 20 проценти помалку од челичниот супермини. Панелите на телото можат да се рециклираат во целост и тежат околу 14 килограми. Бамбусот е користен за подот, а е искористен како обновлив ресурс, но и естетски e симпатичен. Благодарение на in-wheel системот, колата може да функционира на две или четири тркала во зависност од потребите. Греење-ладење системот работи со воздушна пумпа која не конзумира многу енергија за да се намали потрошувачката генерално.
Новиот концепт Me.We ќе биде презентиран на Шанзелизе во Париз.
Извор: thegreencarwebsite.co.uk