Press "Enter" to skip to content

е-велосипед

Еве што ќе испадне кога дизајнерот на Формула 1 ќе одлучи да направи велосипед. Се вика GoCycle G2 и е направен од Ричард Торп кој има работено на BMW и McLaren.

Овој велоспед е направен од магнезиум, што значи дека рамот е доста лесен. Неговите литиумски батерии обезбедуваат доволно енергија за цели 100 километри возење, што е апсолутно рекорд до сега.

Овој модел во себе има вградено цел компјутер кој ја следи состојбата на возилото, батеријата, колку имате поминато и останато. А патем, ако останете без струја и сакате да вртите педали – и тоа е можно. Има и електричен менувач и нема ланец. Малку е разочарувачки токму последниот податок, а тоа е цената, овој најдобар електричен велосипед чини цели три илјади евра.

Им благодариме на дечките од www.think.mk што ни дозволија да ја превземеме содржината која е од исклучително значење за нашиот портал.

Извор: http://think.mk/2013/05/07/najludiot-elektrichki-velosiped/

Mission News Theme by Compete Themes.