Press "Enter" to skip to content

Posts published in “Настани”

(настан) Тесла конвој 2014 активности 19/20/21 септември 2014

Тесла конвој 2014 со возилото Тесла Модел С на 19/20/21 септември помина низ Македонија на задоволство на огромна публика со посета на мноштво дестинации, официјални лица од државата и бизнис партнери, посета на повеќе факултетски кампуси и научнички и студентски кадри, имаше дружење со ентузијасти за електрични возила и воопшто граѓанството, при…

(настан) Тесла во Струмица на 20 септември 2014

Тесла конвојот 2014 со возилото Тесла Модел С, на 20 септември ќе скршне од оригиналната патека и околу 17 часот од Скопје ќе се упати кон Струмица каде на градскиот плоштад ќе биде организиран настан за струмичани со почеток од 19 и 30 минути. Вечерта ќе се дружиме, по што во недела утро…

(настан) Тесла во Скопје 19 септември 2014

Електричниот полигон е предигра и пречек за Тесла конвојот 2014 во организација на ЕМКИЦЕ, ИНСАКО – Саша Добројевиќ, СЕЕУ техонолшкиот парк, ИЛУМИНЕ, чиј предводник ќе биде електричното возило Тесла Модел С, возило кое ќе биде на кампусот на електро-машински после 15 часот. Тимот на НВО Електромобилност Македонија е локален партнер на…

(настан) Електричен полигон 19 септември 2014 | Кампус на електро-машински

На иницијатива на Електромобилност Македонија во соработка со Машинскиот и Електротехничкиот факултет како и секторот за Екологија при град Скопје, училиштата во општина Карпош, општина Карпош и ЈП Градски паркинзи на 19 септември 2014 со почеток од 11:00 часот на кампусот на електро-машински ќе биде организиран настан како тест околина…

(видео) Дебата во Битола организирана од „Дебатно кино контра кадар“ после проекција на филмот „Who killed the electric car“

Дебата на тема електрични возила на покана на групата Дебатно Кино Контра Кадар одржана на 5ти август во Битола со претседателот на Електромобилност Македонија, Кирил Минанов. Неформалната група „Дебатно Кино Контра Кадар“ секоја недела прикажува филмови, а веднаш по филмот се води интерактивна дискусија на темата со публиката. Дебатата:

(видео) м-р Петре Ристески дипл. ел. инг | Громобрански фаќач со систем за изокеронички мониторинг

Иноваторот м-р Ристески дипл. ел. инг., лани ја доби првата награда на МАКИНОВА за инвација за громобранска заштита. Сесијата за громобрани не е поврзана со електрични возила, но планираме во блиска иднина да направиме работилница поврзана исклучиво со иновации и иноваторство и поради тоа пуштаме линија кон луѓе како м-р…

(видео) Предавање на Марјан Матевски за заклучоците на студијата АПОЛОНИЈА за Македонски железници

Г-дин Марјан Матевски, дипл. електротехнички инженер, работи 35 години во Македонски железници, така речи целата своја кариера ја минува со проблематиката на железничкиот транспорт, електричен транспорт, електролокомотиви итн. говори за вкупната железничка инфраструктура и електрификација на железницата во Македонија, PERI мрежата, инстралираниот оптички кабел од околу 300 километри по трасите…

(видео) Љупчо Гаштеовски | Стаклен ѕвон над градот Скопје

Екологот и енергетичар Љупчо Гаштеовски пишува како научнички колумнист во дневните весници на темите загадување, екологија и на работилницата го опиша феноменот на стаклено ѕвоно кој ни се се случи лани зимата 2013 и почетокот на 2014 во Скопје; описот на феноменот почнува со таложењето на честичките во подножјето на…

(видео) Дарко Јаконов | Загадување во сообраќајот и ценовните политики на горивата | automedia.mk

Новинарот Дарко Јаконов напиша oдличен текст на порталот automedia.mk за загадувањето на воздухот во Скопје со честичките ПМ10, ценовните политики на државата како и научните показатели и несвесноста, но и несовесноста која доведува до погрешни правци за развој во Македонија. Мошне интересно предавање на работилницата, особено пресметките од различни аспекти…

(настан) Електрични возила како алтернатива на аерозагадувањето

На 26ти јуни 2014 при Институтот за моторни возила и хомологација, на Машинскиот факултет Скопје, МКД, инженерското здружение на граѓани ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА ќе одржи Работилница. Ќе има и мал саем и неколку електрични возила од неколку категории; сите учесници ќе можат да ги возат електромобилите. Споделете ја информацијата за заинтересирани граѓани,…

(настан) Светски ден за животна средина 5 јуни

Тимот на ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ го поддржува 5 јуни, светскиот ден за животна средина преку своите редовни активности и учество на трибини, семинари и други форми на организирање поврзани со ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ и влијанието на сите фактори поврзани возилата врз средината. повеќе инфо: http://www.unep.org/wed/

Тимот на ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ со презентација на трибина во град Скопје | Проект Electric City Transport

Како здружение на граѓани ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ на нашиот и-меил info@elektromobilnost.mk добивме покана за учество на прва трибина во град Скопје околу Е-мобилноста. Се работи за прва трибина во град Скопје од овој вид, која е дел од активностите и проектот во кој е вклучен градот Скопје со повеќе градови низ ЕУ,…

ЕМИТЕР | Претплати се!

Драги луѓе, Ве повикуваме заедно да ги поддржиме напорите на нашите пријатели од ЕМИТЕР кои неуморно со години се борат да го оддржат, за среќа успешно ЕДИНСТВЕНОТО списание за популаризација на НАУКА и ТЕХНИКА во МК; годишната претплата за 11 броја е 1300 денари, со платена поштарина, a списанијата ќе ви…

Тимот на ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА на бесплатен јавен паркинг за полнење на е-мобили во Словенија

Во Словенија има околу 50 електрополначи кои се поставени на тактички позиции низ земјата и кои се во сопственост на Електродистрибуција во сопственост на државата Словенија; станиците за полнење се бесплатни-субвенција. Еве една од нив, на јавен паркинг. Сметам дека е јасно како ова функционира, го носите вашиот електромобил, го…

Тимот на ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА во посета на ДЕВС Словенија

На сликата, полнач за електромобили кој е инсталиран од дистрибутивната компанија Електро Словенија, кај нас би бил ЕВН; на паркинг на повеќе автокомпании, меѓу кои и Рено. Се работи за првата полнач-станица во Словенија, но побитно е што како промотивна активност, секој е-мобил може да ги полни батериите бесплатно што…

Тимот на ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА во посета на БАЕПС Бугарија

Тимот на ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ беше во посета на невладината организација BAEPS, со којашто имавме работен состанок и беше договорена соработка, со заедничка програма и учество на проекти. Беше разгледана можноста за заедничко аплицирање во европски и други фондови. Направивме контакт со професорот на Транспортниот Факултет Деканот Проф. д-р Иван Миленов кој…

(видео) Предавање на Мартин ЗАИМОВ | Претседател на Бугарската асоцијација за електрични возила | БАЕПС

Конференцијата беше замислена како интернационална и во тоа успеавме со вкулување на нашите пријатели од Бугарија и Словенија. Во следното видео искуствата од Бугарија од г-дин Мартин Заимов:

Mission News Theme by Compete Themes.