Press "Enter" to skip to content

Линеарен генератор со слободен-клип развиен од Германскиот аеровселенски центар

Научниците при Германскиот аеровселенски центар (Deutsches Zentrum für Luft- und Raumfahrt; DLR) развија комплетно нов тип на мотор (drive) за да се зголеми-продолжи километражата за возила на електричен погон. Се работи за линеарен генератор со  слободен-клип (Freikolbenlineargenerator; FKLG) кој е мотор кој согорува гориво, но генерира електрична енергија. Истражувачите од Штутгарт при Институтот за концепт возила демонстрираа дека технологијата е применлива. Со оглед на тоа што ваквите неконвенционални форми на мотори со специфични конверторски единици со компонента за внатрешно согорување на гориво, освен линеарниот генератор имаат и амортизер за гас.

„Иновативните решенија како генераторот со линеарно слободен-клип ќе помогне да се прават возила кои ќе бидат на погон на електрична енергија, всушност, тоа што сакаме да стане секојдневие, а тоа ќе ја демонстрира научната снага на Баден-Винтерберг (Baden-Württemberg) како локација,“ ќе каже Ролф Шумахер, Директор во Министерството за финансии и економија при Баден-Винтерберг, при официјалната церемонија на проектот.

Се работи за нов структурен пристап со моќни фидбек контролни единици. Инженерите беа свесни за принципот на овој мотор веќе некое време. Преку инсталација на гасна амортизација, истражувачите успеаја, за првпат, стабилно да го контролираат системот во долг временски период. „Идеата беше како да се направи моќен динамички механизам со силна динамичка контролна единица која ќе ги регулира комплексните интеракции меѓу индивидуалните компоненти.“, вели Улрих Вагнер, Директор за енергија и транспорт при DLR Deutsches Zentrum für Luft- und Raumfahrt. 

Линеарниот генератор со слободен-клип работи слично како конвенционалниот мотор со внатрешно согорување. Но, наместо да го конвертира линеарното движење во ротационо движење на осовината, тоа генерира електрична енергија. Микс од воздух и гориво согорува во комората за согорување. Експанзијата на клиповите оди напред-назад кон амортизерите. Амортизерите го успоруваат движењето на клиповите и го враќаат во почетна состојба. Линеарниот генератор ја трансформира кинетичката енергија на клиповите во електрична енергија и со тоа се придвижува електромоторот. Системот е способен да го контролира движењето на клиповите прецизно и до една десетина од милиметар во исто време препознавајќи ги флуктуациите во процесот на согорување и соодветно на тоа има процес кој тоа го компензира.

linear generator
linear generator

Оптимална оперативна стратегија со варијабилни својства; како контраст на конвенционалните технологии, линеарниот генератор овозможува пропорција на комопресија, брзина на клипот и кубниот капацитет на горивото да бидат флексибилно подесени. Од оваа причина можат да се користат различни типови на горива – од дизел и бензин, преку гас до етанол и водород. „Според тоа можеме да ги подесиме оперативните карактеристики за најефикасно можно користење и најеколошко можно ниво“, сумира Директорот на DLR Хорст Е. Фридрих. Во исто време, линеарниот генератор работи со далеку помалку компоненти од вообичаените мотори.

free-piston linear generator
free-piston linear generator

Пофлексибилни електрични возила; според овој мотор, електричните возила ќе можат да имаат далеку помал батериски пакет, а во исто време да возат оптимално од гледна точка на електромобилност. Кратки патеки до 50 километри како градско возење може да се покрие само со електрична енергија, а за подолги патувања, тука ќе превземе проширениот опсег. Ја има автономијата, а моторот со внатрешно согорување е форма на технологија која е мост помеѓу два различни концепта, со што на електричните возила има ја дава неопходната атрактивност за широката јавност.

free-piston linear generator power pack
free-piston linear generator power pack

Трансфер на технологијата во индустријата; „Покажавме дека линеарниот генератор може да се префрли во индустријата, нареден чекор ќе биде правење на прототип,“ објаснува Фридрих. За таа цел DLR направи договор со Universal Motor Corporation GmbH и ќе обезбеди научна поддршка за понатамошните иновации. Една од целите е да се оптимизира тежината и големината на линеарниот генератор така што не еден туку повеќе линеарни генератори би можеле да се наместат еден до друг во долниот дел на колата. На овој начин, нашите првични пресметки покажуваат дека ќе биде можно да се достигне и до 600 километри без да се зголеми тежината на возилото. 

Извор: electric-vehiclenews.com

Mission News Theme by Compete Themes.